Тијана Дапчевиќ во досега невидено издание: Воодушеви во вечерна тоалета

Добивај вести на Viber

Тијана Дапчевиќ е препознатлива по нејзиниот оригинален стил.

Пејачката најчесто е лежерно облечена, шизички, лелаво и во бои. Таа никогаш не се плашела да експериметира со облеката и каде и да се појави се одвојува од публиката и ги собира погледите на присутните.

Тијана во долга свечена тоалета ги изненади сите присутни на настанот на кој пеела вчера, но и јавноста не престана позитивно да го коментира изгледот на Дапчевиќ како вистинска дама.

За оваа прилика таа одбрала долга свечена тоалета во сина боја, а на половината фустанот има интересен детаљ во бела боја давајќи на целиот изглед одличен летен морски мотив. 

Убавата Тијана со овој изглед го одзема здивот, а фустанот кој во горниот дел е како корсет, а надоле паѓа лелаво ѝ прилега одлично.

Таа во една прилика за стилот истакна дека за да изгледате добро не ви се потребни скапи парчиња.

- На мене нема ништо скапо, а изгледа како да чини 4 милиони. Навистина звучи малку претенциозно, да кажеме овие очила што мислите кој ги креирал? - ја праша Тијана новинарката, која одговори дека оквирите личат како да се најмалку 60 илјади динари.


Фото: Инстаграм