Тијана со необично изненадување за 43. роденден

Добивај вести на Viber

Своите фанови, за нејзиниот роденден, Тијана Дапчевиќ реши да ги изненади со оригинален подарок. 

Утре, кога пејачката и актерка ќе наполни 43 години, таа како подарок за својата публика, ќе ја промовира новата песна, „Презир“.

Спотот, според најавата е со тажна тематика и зборува за љубовта што исчезнала. Видеото ќе биде романтична приказна со невеста и младоженец како статисти. Тијана својот роденден ќе го прослави во Скопје, во семејството. Таа на социјалните мрежи објави фотографии како ужива во игрите со внуците Хана и Дарен, децата на нејзината сестра, Тамара. На МТВ 1 ја гледаме во репризите на четвртата сезона на серијата „Преспав“ во улога на германката Ула.