ТИЈАНА: Значење на името и какви се оние кои го носат
- 29 Декември, 2020
Женското име Тијана спаѓа во групата популарни старословенски имиња, кои отсекогаш биле многу „барани“ и со задоволство им се давале на повеќето новородени девојчиња во нашата земја и во земјите од регионот.
Етимолошката претпоставка е дека потеклото на името Тијана е од зборот „тих“ што значи смиреност; тивок, или од личното словенско име Тихана; претпоставката е дека „во говорот“ буквата или звукот „х“ се губи или се заменува со буквата „ј“, така што од името Тихана, се прави името Тијана.
Постои и хипотеза за латинското значење на името Тијана, од зборот „tija; tia “, кое значи миризливо дрво; дрво на мирот.
Според ова, се претпоставува дека личностие кои го носат ова име се тивки и мирни, со блага природа, нежни и суптилни, скромни и повлечени.