ТИНЕЈЏЕРКА СО ТЕШКА КЛИНИЧКА СЛИКА ПРИМЕНА НА ИНФЕКТИВНА: Дали во Македонија ќе следи српското сценарио- и најмладите со тешка форма на Ковид-19

Добивај вести на Viber

На Клиниката за инфективни болести во Скопје е примено на болничко лекување девојче од тетовско кое има 16 години. Директорката, д-р Милена Стевановиќ во изјава за ТВ Сител посочува дека немаат сознанија дека девојчето има некаково хронично заболување.

-Таа има 16 години и развива една тешка ковид-презентација. Во моментов немаме сознанија дека има хронички болести, вели д-р Стевановиќ.

Инаку, завчера на Инфективната клиника почина 17-годишно девојче од селото Сопотница, за кое од клиниката информираа дека имала повеќе коморбидитети и била примена во многу тешка состојба. По овој случај, Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана, бидејќи пред да биде донесена на Инфективната клиника на 19 октомври, повеќе од една недела претходно била лекувана од страна на матичниот лекар во Демир Хисар, па потоа во болницата во Битола. Повеќе по темата на Фактор.мк


Фото: Фактор