„Tinker Labs“ нуди вештини и знаења кои на децата ќе им користат на училиште, но и во животот: Ирена Корубин за важноста на неформалното образование
Ирена Корубин, по професија магистер по економски науки, специјалист по менаџмент и маркетинг, е дама со 15-годишен стаж во банкарскиот и образовен сектор, а последните четири години е реализирана во франшизи за едукација на деца.
Како родители секогаш се трудиме да им го овозможиме на децата најдоброто за нив, па така доколку сте заинтересирани за една поинаква (необична, полна со забава, учење и експерименти) дополнителна настава, преку нашето денешно интервју со Ирена ќе дознаете каде всушност може да го добиете сето тоа.
ЖМ: Што е „Tinker Labs“?
- „Tinker Labs“ е интернационална франшиза за СТЕАМ едукација на деца од 4 до 16 години. Интердисциплинарниот пристап на СТЕАМ концептот комбиниран со „Tinker Labs“ методот и пристапот на учење, создава извонредна синтеза на совршен едукативен модел кој гарантира интелектуален и социо-емотивен развој кај децата. СТЕАМ едукативниот спектар се состои од 5 предмети: наука, технологија, инженерство, математика и уметност.
ЖМ: Колку време постои „Tinker Labs Македонија“?
- „Tinker Labs Македонија“ е трета година на македонскиот пазар, дел од интернационалната франшиза „Tinker Labs International“, за која сум Мастер Франшизер во Македонија. По првата франшиза за англиски јазик „Хелен Дорон Капиштец“ која ја водам локално на територија на Општина Центар, во Капиштец, се создаде можност за нова франшиза за едукација на деца „Тинкер Лабс“ која беше љубов на прв поглед. Најголемата причина поради која се преориентирав на франшизниот пазар се пред сѐ моите две деца, всушност и оттука почнува целата приказна.
Ирена Корубин, Мастер Франшизер на интернационалната франшиза „Tinker Labs International“ во Македонија
ЖМ: Програми и деца?
- Програмите на „Tinker Labs“ се поделени во 4 основни програми: „Tinker Tots“, „Tinker Town“, „Tinker World“, „Tinker Verse“ и 4 продолжителни програми: „Tinker Tots+“, „Tinker Town+“, „Tinker World+“, „Tinker Verse+“. Групите на секоја програма опфаќаат до 10 деца, а наставниците во „Tinker Labs“ франшизата се сертифицирани и обучени за едуцирање по „Tinker Labs“ едукативниот систем.
ЖМ: Заинтересираност од година во година и што е она што секое дете ќе научи?
- Бројот на деца во „Tinker Labs“ од година во година расте, како резултат на зголемување на свесноста кај родителите за квалитетот на неформалното обрзование. Ваквиот тип на неформално образование им овозможува на децата да го искусат процесот на критичко размислување во пракса и им дава способност да ги сварат информациите преку интерактивни активности. Разновидноста на принципот на учење, методологијата и пристапот, адаптиран според потребите на децата гарантира порака успешно стигната до целта. Програмите на „Tinker Labs“ се дизајнирани да го збогатат и надополнат образованието на децата. Нашата цел не е само да ги научиме децата на тоа што треба да знаат за да поминат класични тестови, туку да ја разубавиме нивната вродена љубопитност и креативност и да ги инспирираме да ги откријат свите страсти и таленти, како и да го реализираат својот интелектуален потенцијал.
ЖМ: Почетоци на „Tinker Labs“ и „Tinker Labs Македонија“?
- „Tinker Labs“ приказната започнува 2016-та година со отворање на првиот „Tinker Labs Центар“ во Осијек од страна на основачот Алан Мате Орлич, за денес да се отворат повеќе од 150 центри ширум Европа, во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Унгарија и од 2020-та година и кај нас во Македонија. Во моментот броиме три центри во Скопје, „Tinker Labs Центар“, „Tinker Labs Карпош“ и „Tinker Labs Аеродром“, секако со тенденција на ширење на франшизата и низ другите општини во Скопје, а и пошироко во градовите низ Македонија. Секој кој е заинтересиран да започне сопствен бизнис со отворање на франшен центар во својата близина, може да се запознае со „Tinker Labs“ методот на нашата веб страна www.tinkerlabs.mk и да не контактира секако.
ЖМ: Што содржи концептот на „Tinker Labs“ и неговата суштина?
- Секоја програма содржи 40 наставни единици и секоја програма ја следи соодветната академска школска година. 40-те наставни единици се подeлени во 4 дела и секоја книга има по 10 наставни единици. Секој „Tinker Labs“ училишен ценатар е дизајниран како лабораторија која ги инспирира учениците во иновативниот процес. Секоја програма е адаптирана според потребите и способностите на децата на соодветната возраст. Во секоја програма се воведени клучни теми и концепти што ги надоградуваме секоја учебна година. Напредокот низ програмите е дизајниран да вклучува што е можно повеќе концепти секоја година, како надградба на знаењата и вештините стекнати во програмите од претходните години.
ЖМ: „Tinker Labs“ во развој на секое дете?
- „Tinker Labs“ е иновативен едукативен концепт на СТЕАМ едукација, кој вклучува истражувања, експерименти и работни проекти во сите област од наука, технологија, инженерство, уметност и математика како и развој на функционални знаења и интелектуални вештини потребни за идниот успех на секое дете. Идејата е стекнување на вештини и знаења кај децата, кои ќе им користат во формалното образование и секако понатаму во животот.
ЖМ: Уписи?
- Уписите ги правиме преку целата година, со цел да им дадеме шанса и на оние кои подоцна слушнале и го препознале овој бренд на едукација. Во септември со почеток на учебната година почнуваат и нашите програми кои бројат 40 часа годишно, поделени во 70 минути еднаш седмично. Даваме можност за приклучување на децата и преку целата учебна година.
Меѓу другото работиме и летни кампови за деца на седмично ниво, со одбрани работилници/теми од нашите програми.
И за крај да ги споменеме и „Tinker Labs“ родендените кои во измината година беа едни од најбараните кај децата на возраст меѓу 6 и 12 години. Ги организираме во нашите центри и на терен по барање на родителите.
За крај сакам да се заблагодарам на сите клиенти за соработката во изминативе три години, со надеж за уште поголема препознатливост, доверба и секако повеќе отворени „Tinker Labs“ центри во Скопје и пошироко во Македонија.
*Д.Караташова Илиоска