Тивко успеа да изусти...„Го крстивме Денис“: Денко космонаутко со статус кој разигрува душа

Добивај вести на Viber

Денес ви пренесуваме еден статус, кој е надеж дека има се уште луѓе меѓу нас...


„Помагај колку што можеш, прави добрина и никогаш не очекувај ништо за возврат. Едноставно биди Човек .

Пост, репост, препос момент од пред 6-7 години, еден од најубавите подароци.

Секогаш кога ќе се потсетам на случкава ми надоаѓаат пријатни емоции, разиграност во душава, некоја чудна но секако убава возбуда, радост. Во морето од преубави моменти дефинитивно високо котира.

Случкава не е фалбаџиска, не обожавам ова направив, она направив. Не сум фалипртко, што би рекла баба ми . Дури и сега додека го пишувам се мислам, ама ваква случка.....

Ова е за она што секојдневно го зборувам и пропагирам, да слушаме и дослушуваме затоа што никој не знаеме што терет носат на плеќи другите, да помагаме колку што можеме, да покажуваме дека умееме да сме луѓе, нешто што многу недостасува. Затоа што ако сакаме секогаш може да најдеме начин, некогаш со повеќе мака ама со резултат кој некому ќе му значи многу. И малата помош како оваа ќе ги исполни сите.

Едни недодржливи солзи радосници со насмевка и прегратка и петоков е D day .

Шалтер микробиологија, мое работно место.

Девојка, 25-26 години, и ги давам резултатите.

- Може ли кога ќе завршите малку да излезете, ќе почекам?

Излегувам, со многу растреперен глас почнува.

- Веројатно не ме памтите? А и како би, милион доаѓаат.

- Не. 

- Летово многу ми помогнавте (трепери целата, солзи во најава), бев бремена ама без здравствено, од фирмата ме избришаа, вие ме примивте (солзите веќе да почнат да паѓаат), огромна работа ми завршивте (солзите како забрзано поточе).

- Нема проблем, затоа сме тука, да помагаме.

Мене ми се растрепери срцево, да не речам понекоја солза во подготовка. Ја прегрнав.

- Како сте, како е малото?

- Супер, фала.

Чувствувам дека сака уште нешто да каже, ама како да не излегуваат зборовите, тоа е таа возбуда.

- Да не треба уште нешто, слободно кажете?

- Не фала (ама.....гласот и трепери)

- Ајде поздрав, чувајте се и ако треба нешто слободно побарајте.

- Фала ви, поздрав.

Полека се повлекува, оди ама се врати и некако тивко ама успеа да изусти:

- Го крстивме Денис

...........немам зборови понатаму..........“


Фејсбук статус на Денис Јанкуловски