ТМ Рох најавува нов Samsung дизајн и иновации инспирирани од вас

Добивај вести на Viber

ТМ Рох, претседател и раководител на Бизнис Одделот MX (Mobile eXperience), во Samsung Electronics, во својата последна блог објава ја објасни дизајнерската филозофија на Samsung „Инспирирани од луѓето, ние ја создаваме иднината“ и колкаво внимание посветуваат навистина да ги разберат желбите и потребите на корисниците. Покрај тоа, тој откри што можеме да очекуваме од новите паметни уреди кои ќе бидат претставени на Unpacked настанот на крајот на јули.

„Минатата година ги проширив своите одговорности како директор на Одделот за мобилни телефони во Samsung и ја презедов позицијата раководител на нашиот Центар за корпоративен дизајн. Мојата кариера како инженер ме научи дека најсовршениот дизајн е испреплетен со технолошките иновации. Оваа нова задача ми овозможува да навлезам подлабоко во синергијата на дизајнот, инженерството, истражувањето и развојот, од кои можат да произлезат трансформативни искуства. Со колегите инженери навлегував во испитувањето на дизајнерската стратегија на Samsung за да ги разберам нашите корени и да ја одредам насоката на нашиот раст.“, рече ТМ Рох, претседател и раководител на Бизнис Одделот MX (Mobile eXperience), во Samsung Electronics.

Различни времиња, иста посветеност

Во 1996 година, Samsung се обврза на филозофијата „Инспирирани од луѓето, ние ја создаваме иднината“. Тоа значи дека сé што создаваме е засновано на длабинско разбирање кон вас, корисниците, и силно сме уверени дека пристап насочен кон корисникот, е клучот за иднината.

ТМ Рох нагласи, како речиси 30 години подоцна, тиесе уште поубедени во таквиот пристап додека истовремено размислуваат за флуидната природа на човечката интеракција. Корисниците го ценат искуството од самите достигнувања, и значајнитеповрзувањаод обичнатаспособност на технологиите. Оттука, дизајнерската филозофија на Samsung е поделена на три дизајнерски идентитети со корисниците во центарот: производите мора да бидат суштински, иновативни и хармонични.

„Приоритет кај суштинскиот дизајн е јасната намена и лесната секојдневна употреба. Иновативниот дизајн ја нагласува оригиналноста и ја рефлектира целта на нови и оригинални начини. Хармоничниот дизајн гарантира дека сите елементи функционираат заедно со сеопфатна цел, во согласност со социјалните, еколошките и етичките вредности.“, изјави ТМ Рох.

Инспирирани од луѓето, ја создаваме иднината

Најновиот хардверски и софтверски екосистем на Samsung претставува најдобар примерза овие три дизајнерски идентитети.

Во својата блог објава, ТМ Рох го истакна, на пример, чинот на отворање и затворање на паметниот телефон којработи едноставно, носепак, оваа едноставност во која уживаат корисниците е постигната исклучиво со строга концентрација на она што е најважно и интуитивно. Исто така, минималистичката, тенка надворешност со специјализирана функција на шарки ја истакнува посветеноста на Samsung и убавината на основниот дизајн.

„Ги подигнавме стандардите кога станува збор за ергономијата на телефони на преклоп. Разликата од еден милиметар во дебелината на уредот можеби не звучи како голема промена, но секој грам и милиметар кај уредите на преклоп бара инженерски пробив. Потребна е страствена вештина на изработка. Кога е изработен добро, користа за корисниците е огромна.“, рече ТМ Рох,истакнувајќи декавовеле иновации, за да ги направат најновите телефони на преклопување потенки и полесни од претходните генерации.

Преклопните телефони Samsung Galaxy се надополнети однивните корисници преку своето  персонализирано искуство. Личниот израз на корисниците достигнува нови нивоа со Galaxy телефоните на преклоп, и со најфлексибилното искуство со камерата. Со други зборови, корисникот може да сними совршен агол без употреба на рацете. Подобреното искуство за извршување на повеќе задачи одеднаш, слично на компјутерот, исто така ја подигнува скалата на продуктивноста. Со други зборови, корисникот може да работи, да соработува или да игра игри во движење.

Samsung Galaxy Tab и уредите за носење се дизајнирани во истиот дух. Заедно функционираат хармонично во екосистем кој нуди моќно поврзано искуство и служат како совршено надополнување на корисничките потреби, приоритети и личноста.

„Кое и да е искуство со Samsung Galaxy во прашање, кога велиме „Инспирирано од луѓе“, не мислиме само на луѓето. Мислиме и на нивните заедници, околината и планетата. Уредите на Samsung Galaxy се дизајнирани со одржлива иднина на ум, затоа што дури и најмалите постапки можат да додадат големо влијание – како заштита на нашата планета. Кога велиме „Создавање на иднината“, тоа ја опфаќа нашата одговорност денес да обезбедиме одржливо утре за идните генерации.“, истакна ТМ Рох, кој ја објасни дизајнерската филозофија на компанијата Samsung.

Нашето заедничко патување кон подобро утре

„Кога дизајнот се спојува со технолошките иновации, се отвораат нови можности. Со иновативните технологии, луѓето можат да го искористат максимумот од сегашноста и на тој начин да ја создадат најдобрата можна иднина.“, заклучи TM Roh, најавувајќи го настанот Unpacked каде Samsung ќе ги прикаже своите најнови уреди и искуства – инспирирани од корисниците.

Тие на извесен начин, се создаваат речиси 30 години, и претставуваат кулминација на деценискиот дизајн инспириран од луѓето. Начините на кои иновациите на Samsung се вклопуваат во животот и создаваат нови можности за креативност, продуктивност и самоизразување, ќе ги инспирираат следните чекори и технолошки напредоци. Придружете и се на компанијата Samsung на заедничко патување, користејќи го дизајнот и технологијата за создавање иднина која е вашиот вистински израз.

Обележете го 26 јули во вашиот календар!

пр објава