Тоа го прават секој ден: Викторија открива што го прави нејзиниот брак со Дејвид совршен
Викторија Бекам ја откри тајната на среќниот брак со нејзиниот сопруг Дејвид
Модната дизајнерка, која е во брак со поранешниот фудбалер Дејвид 25 години, ја откри тајната на нивниот долгогодишен брак во интервју за магазинот „Elle“, откако фановите ѕирнаа во нивните животи во минатогодишниот документарец на Нетфликс за Бекам.
Таа го опишала својот партнер како „инспирација“ за неа и го открила единственото нешто што го одржува нејзиниот брак: смеата.
Викторија Бекам рече: - Мојот сопруг е мојата инспирација. Дали изгледаме како двојка видена во документарец на Нетфликс? Да. Сакаме да се забавуваме, да разговараме, да танцуваме, да пиеме. Ова е она што е потребно за среќа.
Многу верувам во смеата, семејството и пријателството. Сфаќам дека станавме модел. Луѓето сакаат да гледаат врски кои траат.
Можеби најнезаборавната сцена од нивниот документарец, каде Викторија вели дека е од „работничката класа“ - пред Дејвид да ја прекине за да ја потсети дека татко ѝ ја возел на училиште со Ролс Ројс, предизвикувајќи огромна реакција кај гледачите и станал предмет на разни „мемиња“.
Но, зборувајќи за „Elle“, таа инсистираше на тоа дека не е родена со „сребрена лажица во устата“.
Викторија за неа и за Дејвид рече: - Длабоко во себе и двајцата делиме исти вредности. Имаме иста животна позадина.
Нашите семејства работеа напорно за да не воспитаат. Татко ми заработи пари, а потоа банкротираше.
Ниту Дејвид ниту јас не сме родени со сребрена лажица во устата. Имаме правило за еднаквост, без разлика дали се грижиме за куќата или за децата - објасни Бекам.
Колку се блиски како семејство, покажаа уште еднаш, кога Дејвид и нивните деца ги споделија нејзините стари фотографии на социјалните мрежи за 50-тиот роденден на Викторија со топли роденденски желби и пофални зборови за сите улоги што оваа убавица ги има во нејзиниот живот.