Актуелно // Insta вести
„Тоа што сум денес овде е негова најголема заслуга“: Александра Пријовиќ за љубовта и соработката со Филип Живојиновиќ
- 08 Април, 2024
Пејачката Александра Пријовиќ продолжува да постигнува успеси и да ги полни салите низ регионот.
Таа сега одржа два од три концерти во салата „Спенс“ во Нови Сад, а по првиот концерт уште еднаш истакна дека за нејзиниот успех во голема мера е заслужен сопругот Филип Живојиновиќ.
„Одлични сме. Ја имам поддршката на Филип од првиот ден, најсреќна сум поради тоа. Запознав човек кој е многу добар, искрен, не можам да му најдам мана, дури и да сакам. Отсекогаш сум велела, и сто пати ќе кажам, дека денес сум овде, нема да кажам дека тоа е поради него, туку дека тоа е негова најголема заслуга“, изјави таа за „Блиц“.
Александра истакна и дека Филип ја поддржува во сè што прави.
Фото:freepik