„Тој дефинитивно е таткото, но ти не си нивната мајка“: Лидија со години не можела да докаже дека децата кои ги родила се нејзини, но се случил пресврт во случајот
Во декември 2002 година, на Лидија Ферчајлд и беше кажано дека двете деца што ги родила не може да бидат нејзини, барем не од медицинска гледна точка. „Знам дека ги носев овие деца, знам дека ги родив овие деца“, изјавила тогаш оваа Американка за медиумите збунета и исплашена.
Се започнало кога тогаш 26-годишната Лидија се нашла во процес на развод од партнерот и татко на нејзините деца, Џејми Таунсенд. Нивната врска пред неколку години била проблематична и бурна и тоа не било нивно прво раскинување.
Но, овој пат Лидија била бремена со нивното трето дете и имала сè поголеми финансиски проблеми, па била принудена да аплицира за финансиска помош од владата. Државата Вашингтон во тоа време барала ДНК тест од двајцата родители за да ја докаже нивната врска со децата.
Тоа требало да биде рутински тест, но оваа млада жена набрзо добила покана да дојде во државното правобранителство за заедно да ги разгледаат резултатите. На почетокот таа верувала дека тоа е нормален дел од процесот, но штом влегла во канцеларијата Лидија знаела дека нешто не е во ред.
„Седев до вратата и тие само гледаа во мене. Ги прашав: „Па, какви се резултатите?“ Тие ми рекоа: „Тој е 99 отсто на таткото, но има проблем, нема шанси вие да сте нивната мајка. Отпрвин се насмеав и им кажав: „Што зборувате?“. Но, тие продолжија да ми поставуваат прашања: „Дали навистина си Лидија од каде ги зеде овие деца?“, изјавила Лидија за „Only Human“.
Имено, резултатите од ДНК биле крајно необични. Иако Лидија многу добро знаела дека е бремена со две деца и дека ги родила, тестот не покажал совпаѓање помеѓу нејзината ДНК и ДНК-та на нејзините деца. Не само што и е одбиена издршката, туку сега е предмет на кривична истрага.
Ја фатило паника, па веднаш им се јавила на родителите - постоела опасност властите да и ги одземат децата затоа што се сомневале дека направила измама за социјална помош, глумејќи како сурогат мајка на децата.
„Мислев дека се шегува, но потоа почна да плаче. И реков: „О, сигурно е грешка. Бев таму кога се родија децата. Ги видов како излегуваат од утробата. Ги држев во раце. .“, рекла Керол Ферчајлд, мајката на Лидија.
Семејството било подложено на тестирање уште најмалку три пати, но секој пат тестот го покажал истото - Лидија не е мајка на нејзините деца.
„Се чувствував како единствената на целиот свет да се обидувам да се борам за моите деца, но никој не ме слушаше. Секој ден се чувствував како да ќе ги видам за последен пат", вели таа.
Кога Лидија подоцна го родила своето трето дете, судски службеник исто така бил присутен во породилната сала за да земе примероци од крв - и од мајката и од нејзиното новороденче за ДНК-тестирање.
„Повторно се покажало дека нема шанси бебето да биде мое“, рекла Ферчајлд.
Иако судскиот службеник бил сведок на раѓањето, доказите од ДНК кажуваат поинаква приказна. Сега Лидија се соочи со можноста да изгуби две мали деца, како и новороденче.
Случај со друга жена на која и ги вратиле децата
Тогаш адвокатот на Лидија, Алан Тиндел дошол до неверојатно откритие. Друга Американка, Карен Киган, поминала низ слично искуство. Имено, таа имала потреба од трансплантација на бубрег и се надевала дека еден од нејзините три сина може да биде соодветен донатор. Но, ДНК тестовите покажале дека иако сите тројца мажи се браќа, двајца од нив не се нејзини биолошки синови.
„Секое дете од ист татко и иста мајка треба да наследи гени и од мајката и од татото. Во случајот на Карен Киган, изгледало дека двајца од нејзините синови не ја наследиле нејзината ДНК. Ја познававме оваа жена многу добро и знаевме без сенка на сомнеж дека е мајката на овие деца. Тоа не поттикна повнимателно да бараме објаснување за таквите наоди“, рекол Лин Ул, специјалист за медицина за трансфузија во Бостонскиот медицински центар.
In 1783, a boy with two functioning heads was born in Mundal Guat, Bengal, India.
— Fascinating (@fasc1nate) December 11, 2023
The sight startled the midwife so much that she threw the boy into a fire, though he survived with minor injuries.
Seeing a chance to profit, the parents took the boy to Calcutta where people… pic.twitter.com/r4KBH3u1EN
По многубројните тестови, утврдено е дека Карен има химеризам, ретка состојба која е забележана во помалку од 40 случаи во светот. Генетскиот химеризам е единствен организам со најмалку два генетски различни типа на клетки. Поедноставно кажано, химеризмот е развиен од поединци на кои им било судено да бидат близнаци.
„Ние ја развивме хипотезата дека две јајце клетки биле оплодени и споени заедно многу рано. Значи, навистина немало близнак кој бил одложен во развојот и потоа реапсорбиран, но поверојатно е дека две оплодени јајце клетки се споиле многу рано“, обајснил Д-р Ул.
Откако Тиндал го открил овој случај, Лидија била подложена на дополнителни тестови и анализи кои на крајот покажале дека и таа има химеризам, што дополнително значело дека таа носи две различни групи на ДНК во себе.
Во случајот со Лидија Ферчајлд, ДНК на нејзината близначка била концентрирана во нејзината утроба, поради што ДНК тестовите не покажале дека нејзините деца навистина се нејзини. За среќа, Лидија конечно имала доказ во рацете дека е мајка на нејзините деца и случајот бил отфрлен.
„Веројатно немаше да имам мои деца денес ако не беше откриен случајот Карен Киган. Немаше ни да им падне на памет дека можеби имам химеризам“, рекла Лидија.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Zena.blic.rs