Тој е мојот засекогаш Валентајн: Сара Мејс откри што сѐ прави нејзиниот сопруг за таа да се чувствува како госпоѓа (ФОТО)
Секоја прилика ја користат за јавно да ја искажат љубовта која ја чувствуваат еден кон друг...
Познатата пејачка Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски се една од најпознатите брачни двојки во нашата држава. Својот приватен живот често го споделуваат со своите следбеници на социјалните мрежи, а она што најмногу ги издвојува од останатите познати двојки е тоа што секоја прилика ја користат за јавно да ја искажат љубовта која ја имаат еден за друг.
Овој пат, првиот чекор го направи пејачката, која му ги додели најубавите комплименти на својот сопруг. Таа преку видеото кое го сподели на својот профил на Инстаграм покажа дека Димитар во секоја смисла на зборот ѝ е поддршка која е нејзината кариера во прашање.
„Сам ја креава, сам ја носи, сам ја става во кола, сам ја мести. Тој е паметен. Тој е згоден. Тој е забавен. Тој е силен. Тој е одличен носач на харфи. Тој е мојот засекогаш Валентајн. Тој е Димитар Атанасовски“ - напиша пејачката на видеото на кое покажа како нејзиниот сопруг ја сместува нејзината харфа во автомобилот.
На следното стори, сподели фотографија од неа, на која напиша како се чувствува таа.
„А, јас? Како госпожа: Само да се качам во кола и да се одвезам.“
фото: Принтскрин / Инстаграм