Тој е татко на 12 успешни деца, а ова се неговите правила: Никогаш не сме биле пријатели со децата, ние сме нивни родители
Ги следевме овие
правила без исклучок, но признаваме дека понекогаш сме правеле грешки
Френсис Л. Томсон е американски инженер, учесник во вселенски програми и татко на дванаесет деца. Сите негови деца завршиле факултет или се на пат да дипломираат. Што е најважно, тој и неговата сопруга не мораа да плаќаат за нивното образование, бидејќи ги научија своите деца да бидат вредни, одговорни и да се потпираат на себе.
„Секогаш имав добро платена работа и можев да си дозволам практично се‘ за децата. Но, јас и мојата сопруга одлучивме да не го правиме тоа“. Френсис, исто така, има 18 внуци кои се воспитани во духот на самопочит, благодарност и желба да направат нешто за пошироката заедница.
Во американскиот магазин Атлантик, Френсис открива што направил тој и неговата сопруга за да ги воспитуваат своите деца на вистински начин, истакнувајќи дека, се разбира, тие често правеле грешки за време на нивната родителска пракса:
Задачи
-децата треба да помагаат во некои домашни задачи од тригодишна возраст. На 3 -годишна возраст, тие се‘ уште не се добри во чистење на тоалети, но веќе на четиригодишна возраст, можат да го направат тоа.
-тие добиваа неделен додаток во зависност од тоа како тие ги извршуваа своите должности таа недела
-на 8 -годишна возраст ќе почнат сами да ја перат облеката. Секој доби еден ден од неделата за тоа.
-штом ќе научат да читаат ќе почнат да готват по рецепти. Мораа да научат да прават двојно количество храна.
-девојчињата, но и момчињата, мораа да научат да шијат.
Училиште
Образованието е многу важно во нашето семејство.
-секој работен ден од 6 до 8 навечер децата учеа. Без гледање телевизија, компјутер, играње додека не ги потрошат тие два часа за учење. Оние што немаа домашна задача, читаа книги. За оние деца кои се‘ уште биле мали за училиште, некој друг читал книги за нив во тие 2 саати. После тоа, тие можеа да прават што сакаат до спиење.
-тие мораа да одат во различни секции во училиштето, а ние бевме на располагање доколку им треба помош.
-ако некој од нив се пожали на наставникот, рече дека наставникот го мрази или дека не е фер, нашиот одговор беше дека тој мора сам да најде начин да се справи со тоа, бидејќи можеби, како што рековме, подоцна ќе има шеф на работа кого нема да го сака. Вината за слабото учење не може да биде на наставникот, секогаш зависи од ученикот дали ќе ја научи лекцијата.
Изборот во јадењето не доаѓа предвид
-секогаш појадувавме и вечеравме заедно. Појадокот беше во 05:15 часот, по што децата ја завршуваа домашната задача пред да одат на училиште. Вечерата беше во 17:30 часот.
-Нашето правило беше да им го дадеме на децата прво она што им се допаѓа најмалку (зеленчук), а потоа нешто друго. Не мораа да изедат се‘, и можеа да станат од масата кога сакаа. Ако некој од нив се пожали дека е гладен, ќе го загреевме она што го оставил во чинијата во микробранова печка. Ни тогаш не мораа да јадат. Но, тие нема да добијат друг оброк до следниот оброк додека не го изедат.
Вон училишни активности
-сите деца мораа да се занимаваат со спорт по свој избор.
-сите деца мораа да бидат во секаков вид на здружение или клуб, без разлика дали се извидници или нешто друго.
-сите деца мораа да извршат волонтерска работа за заедницата.
Независноста
-Кога некое од децата ќе наполнеше16 години, му купувавме автомобил. Кога нашето прво дете го доби својот прв автомобил, рече „но, тато, ова е многу дотраен автомобил“. А, јас му го дадов прирачникот, алатите беа во гаражата и реков дека ќе го купиме кој било дел што е потребен, за да го доведеме вовозна и убава состојба. Единаесет месеци подоцна, автомобилот имаше поправен мотор, менувач, нови тапацирани седишта, нови амортизери и беше свежо исфарбан. Мојата ќерка го имаше најдобриот автомобил во средно училиште и беше ужасно горда што тоа беше дело на нејзините раце.
-им дозволивме на децата да прават грешки. Пред да бидат подготвени да возат, ми помогнаа да го поправам автомобилот. Самоил требаше да го смени улјето. Излезе дека го истурил во ладилникот. Не паничив премногу. Мораше да го истури улјето, купивме течност за плакнење, истуривме нова течност, а потоа го смени улјето. Ние не ги казнувавме децата за грешките, затоа што се учи од грешките. Нашите деца не се плашат да пробаат нешто ново. Знаеја дека ако направат нешто погрешно, нема да бидат казнети. Честопати не‘ чинеше, но нашата улога беше да ги одгледаме децата, а не да заштедиме пари.
-секое дете доби свој компјутер, но мораше сам да го состави. Добиваа процесор, меморија, кабли, кутија, тастатура, хард диск, матична плоча и глушец, а потоа мораа сами да го состават. Почнаа да го прават тоа на 12 -годишна возраст.
-ние секогаш им дававме избор, но ограничен. На пример, дали сакате да легнете сега или да ја исчистите просторијата? Ние ретко би им давале еднонасочни директиви, освен кога станува збор за најважните семејни правила. Кога ќе му дозволите да избира помеѓу две работи, детето има чувство дека само го контролира својот живот.
Дружење
-ги учевме децата заедно, да си помагаме едни со други во училишните и домашните задачи
-тие исто така би можеле да учествуваат во донесувањето на правилата за однесување во домот и да дадат свои предлози
-се обидовме да бидеме цврсти. Два часа учење дневно, излегување во текот на неделата до 10 навечер, и за време на викендите до полноќ. Без исклучоци.
Пари
иако имавме доволно пари, не им помогнавме на децата да купат куќи, не плаќавме за школување или свадби. Не им дававме работи, ги учевме „како“ да научат како да заработат пари. Им дадовме контакти во компании, но тие сами требаше да го направат интервјуто за работа и да го заслужат тоа.
Патувања
-иако можевме да одиме на одмор во хотели и на крстарења, не го сторивме тоа. Одевме на кампување со ранци на грб, поставуваме шатори на дожд, шетавме.
-ги испраќавме децата со авион да го посетат нивното семејство во Европа и од другата страна на Америка 2-3 недели, додека тие се‘ уште беа во градинка. Така научија од мали дека можат да се справат без нас.
Вистинскиот свет
ги сакавме нашите деца, без разлика што правеа. Но, ние не ги спречивме да ги почувствуваат последиците од нивните постапки. Ние им дозволивме да ги удрат главите во ѕид и да ги почувствуваат последиците без разлика колку тешко падна тоа врз нас.
Фото: Shutterstock
Во Македонија 118 деца чекаат да бидат посвоени: Двојно поголем е бројот на родители кои сакаат да посвојат