Тој е убедливо најубавиот маж на светот: И Бред Пит остана далеку зад него
Роберт Патинсон е официјално најубавиот маж на светот според математичкиот златен пресек.
Познатиот актер Роберт Патинсон беше еден од најатрактивните, откако се прослави во „The Twilight Saga“. Сепак, официјално е прогласен за најубав маж на светот, благодарение на математичкиот „златен пресек“.
Имено, „златниот пресек“ е равенка за мерење на убавината врз основа на пропорции. Мерењето се прави по следниот принцип: се поставуваат пропорциите кои се сметаат за најпријатни за око, а потоа се мери колку објектот е блиску до тие „златни“ пропорции.
Интересно е што златниот пресек го користел познатиот уметник Леонардо да Винчи како модел за совршено машко тело во еден од неговите најпознати цртежи „Витрувијански човек“.
Зошто Роберт Патинсон?
Златниот пресек е применет на 12 специфични мерења, на лицето на една личност користејќи софтвер за мапирање на лице. Мерењата ги направил д-р Џулијан Де Силва, кој го предводи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон. Докторот потоа продолжил да ги анализира светски познатите лица кои се најблиску до златниот пресек.
Освен Патинсон, во игра за најзгоден маж беше и Хенри Кавил, кој го освои второто место. Потоа, Бредли Купер кој исто така постигна 91,08, додека славниот Бред Пит го зазеде четвртото место со 90,51 отсто совпаѓање со златниот сооднос.
ФОТО: Инстаграм, Pintrest