„Тој, што ми црта насмевка“: Водителката Сања Савеска со емотивна порака за саканиот

Добивај вести на Viber

Водителката од кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска сподели емотивна порака. Според напишаното, очигледно таа се однесува на нејзиниот сакан. 

Сања 8 години е во врска со неврохирургот Томи Камилоски. А и по 8 години, таа вака јавно му покажа љубов и му испрати емотивна порака.


„Тој, кој што ги брка темните облаци од мојот прозор и ми носи сонце. Тој, што ми црта насмевка“, напиша шармантната водителка под објавата.

Инаку, Савеска неодамна за Женски магазин ја раскажа нивната љубовна приказна.
- Љубовта не е еден миг, таа пламнува во еден момент, но трае само доколку ја чуваш и негуваш. Внимание, почит и разбирање. Многу трпение и толеранција. Доверба која мора да биде цврста. Секоја врска има свои проблеми, никаде не цветале само рози и сето тоа е нормално. Се учиш така да растеш заедно. Важен е разговорот и разбирањето. Се додека има разговор и разбирање, сè се решава. Така и ние сме решиле доста работи и решаваме постојано, и се надевам ќе решаваме уште дооолго и дека ќе си го имаме муабетот, изјави тогаш Сања.


Фото: Инстаграм - Сања Савеска/Женски магазин - архива