ТОП 10 Богати и успешни директорки во светот
Жените на позициите директорки некогаш биле вистинска реткост во деловниот свет, во кој доминирале мажи ...
Сепак, времињата се менуваат, па сега дамите се подеднакво застапени во светот на бизнисот и често водат свои компании кои постигнуваат високи и завидни успеси. Ви ја претставуваме листата топ 10 убави, успешни и богати извршни директорки.
10. Тајра Бенкс - 90 милиони долари
Тајра можеби се наоѓа на 10 место на оваа листа, но сепак спаѓа меѓу најбогатите извршни директорки. Оваа поранешна манекенка , водителка и ТВ икона, сега доминира во бизнис светот и има преку 90 милиони долари во џеб.
9. Алекса Вон Тобел - 100 милиони долари
Девета дама на листава е Алекса Вон Тобел, која е „тешка“ 100 милиони долари. Таа инаку ја напушти бизнис школата во Хардвард и успешно ја лансираше LearnVest компанијата. Нејзината онлајн заедница ви дава можност за управување со вашите финансии со многу малку труд.
8. Софија Аморусо - 250 милиони долари
Истетовираната Софија Аморусо е на осма позиција со вредност од 250 милиони долари. Таа има 29 години и ја почнала својата империја под име Nasty Gal, како e-bay онлајн продавница која е специјализирана за женска облека.
7. Мариса Мајер - 300 милиони долари
Поранешна директорка на Гугл компанијата а сегашна извршна директорка на Јаху, Мариса Мајер е седма на оваа листа а вреди околу 300 милиони долари.
6. Џенифер Химан - 300 милиони долари
Извршната директорка на Rent the Runway Химан е шеста на листата со вредност од 300 милиони долари. Таа ја развила идејата за својата компанија еден ден кога таа и нејзината сестра немале што да облечат. Како резултат , креирала бизнис кој изнајмува дизајнерски фустани и акцесоари. На почеток тоа беше само онлајн продавница, а сега постои и како вистинска продавница.
5. Тори Бурч - 1 милијарда долари
Број пет го зазема Тори Бурч, која може мирно да спие бидејќи е вредна милијарда долари. Таа ја креираше милијардерската индустрија за помалку од десет години и ја основала Tory Burch Foundation која инвестира во бизниси на жени ширум светот.
4 и 3 . Хејли Барна и Кејти Бошамп - 1 милијарда долари
Хејна и Кели се на трето и четврто место и тоа со причина.
Тие се извршни директорки на Birchbox компанија која се занимава со лична нега, а двете имаат вредност од милијарда долари. Тие се запознале во бизнис школото во Хардвард и така почнал нивниот бизнис.
2. Лесли Блуџет - 1,7 милијарди долари
Извршниот директор на Bare Escentuals компанијата Лесли Блуџет е на второ место и вреди околу 1,7 милијарди долари. Нејзината компанија почнала како мал производствен погон за производи за капење и нега на тело, а набрзо потоа воочила шанса за продажба на козметика која е базирана на здрави минерали. Откако се здружила со QVC нејзината продажба скокнала до небо, па компанијата му е продадена на јапонскиот бјути могул Shiseido.
1. Дилан Лорен - 7,5 милијарди долари
Ќерката на Ралф Лорен и основач на Dylan’s Candy Bar компанијата е на прво место на оваа листа. Таа ја основала најпознатата и најголема продавница за слатки во светот, а ја лансирала во 2001. Постоеле гласини дека нејзиниот слевен татко сака да направи парфем со името на Dylan но таа го предомислила. Сакала нејзиното име да се врзува само за нејзиниот бренд.