Топлината и љубезноста се темел: Лекции кои Анџелина Џоли ги научила од нејзината мајка

„Можам да бидам многу нешта на работа и во животот, но јас сум многу пријатна и нежна со децата“, рече славната актерка за родителството.

Говорејќи за Сиднеј Морнинг Хералд викендов, холивудската sвезда Анџелина Џоли (45) ја пофали Маршалин за нежна мајка и дека секогаш се обидува да се однесува кон своите деца со нежност.

„Мајка ми беше многу нежна. Јас можам да бидам многу нешта на работа и во животот, но јас сум многу пријатна и нежна со моите деца“, вели Анџелина.

„Таа љубезност и топлина се темелите што се неверојатно важни. Таа ми даде многу други работи и ме научи на многу лекции. Но, ако ја немаш таа база каде што можеш да се чувствуваш ценет и безбеден, тогаш тешко ќе ги усвоиш која било друга порака или лекција“, додаде таа.

Маршалин почина во 2007 година на 56-годишна возраст по долга борба со рак на јајници.

Во интервјуто, Анџелина откри и дека се пензионирала како режисер за да може да се фокусира на своите шест деца. Анџелина ги дели Мадока (19), Пак (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Нок и Вивиен (12) со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, со кого долго водеше битка за старателство.

Пит и Џоли се вљубија на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, додека Пит сè уште беше во брак со Џенифер Анистон. Двојката се венча во Франција во 2014 година по 10 години врска, но се разделија во септември 2016 година две години подоцна.