Традиционално, модерно и фатално: Кралицата Ранија ја чувала оваа модна бајка за еден од најважните моменти во животот
Јорданската кралица за посебна пригода избра божествена креација во духот на традицијата
Јорданскиот крал Абдула Втори вчера во Аман ја одликуваше својата сопруга кралицата Ранија со Орден на Големиот Кордон Ал Нахда (Орден на ренесансата).
На кралицата ѝ беше доделена чест „како признание за нејзината истакната служба, водечката улога во унапредувањето на јорданското општество и ентузијастичката поддршка на Јорданците на сите полиња“.
Кралот на Јордан решил на својата сопруга да и подари орден во рамките на прославата на 25-годишнината од неговото стапување на тронот, а Ранија за оваа пригода подготвила соодветен стајлинг.
Позната по својот многу елегантен и деловен стил, кралицата на Јордан сега се одлучи за елегантен фустан кој ги комбинира и традицијата и актуелните трендови во светот на модата.
Таа се појави во црн фустан со крој на сирена, црн модел кој ја следи линијата на телото и има долги ракави. Посебен детал се дијагоналните црвени и црни кожени риги во горниот дел, во форма на буквата V, со пристоен исечок под јаката.
Кралицата Ранија го комплетираше своето издание со црвени салонки, додека во раката носеше клач чанта од модната куќа Bottega Veneta, црн модел исткаена со препознатливата техника intrecciato која е заштитен знак на овој бренд.