Трагедија ја потресе Македонија: Родилка почина во болница

Добивај вести на Viber

Родилката Маја Паневска од Свети Николе починала вчера утрото во болницата во Штип откакопретходната вечер била породена во болницатa.

Како што се дознава од семејството, жената се породила со машко бебе, а починала под засега се уште неразјаснети околности.

Семејството нема информации од што настапила смртта и кога дошло до влошување на состојбата кај родилката.

Директорот на штипската болница, Ален Георгиев, го потврди случајот, но не кажа повеќе информации за трагедијата, а во текот на денот очекуваме одговори за тоа како било извршено породувањето, дали имало компликации при породувањето и кои се причините поради кои настапила смртта.