Трагикомедијата “100 работи” го отвори фестивалот на новиот германски филм

Добивај вести на Viber

Вчера на 2. мај, во киното Милениум, се отвори 14. издание на фестивалот на  Новиот германски филм со трагикомедијата “100 работи” која говори за тоа колку конзумеризмот нè обзема и колку ги користиме материјалните рaботи за да ги искомпензираме суштинските. Филмот е во режија на Флориан Давид Фиц, кој ја игра и една од главните улоги.


Отворањето на фестивалот на новиот германски филм го модерираше Тијана Дапчевиќ, во улога на Ула, која ги претстави овогодинешните специјални гости од Германија: Хајнц Херманс, директор на Берлинскиот фестивал за кратки филмови “Интерфилм” и Алета фон Гитингхоф, позната филмска монтажерка. Двајцата изразија задоволство поради нивното присуство и можноста да дискутираат со нашите филмаџии на многу филмски и општествени теми.

14. –то издание на Фестивалот на Новиот германски филм го прогласи за отворен токму амбасадорот на СР Германија во Северна Македонија, Н.Е. Томас Герберих, кој истакна дека “филмот како мултимедијална алатка најдобро пренесува една култура, перспектива на општествени теми и став”.

Фестивалот веќе од денес, ќе се прикажува во Кино Фросина и тука ќе може да се погледнат останатите филмови, додека од 13 -мај патува низ кино салите ширум земјава почнувајќи од Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово и Битола.

Фестивалот го организира Амбасадата на СР Германија, а партнери на фестивалот се Македонски Телеком, Про Кредит Банка и Гете Институт.