Трамп доби традиционален подарок од Тифани од Белград

Тифани Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера си замина од Белград по еднонеделната посета со нејзиниот дечко Мајкл Булос и со неговиот брат. Од Србија, Тифани си замина со многу сувенири, а за Трамп таа однесе чварки и два литри домашна ракија, пишува „Курир“. 

Тифани и Мајкл ја пробале домашната ракија во Скадарлија 

Тифани, според изворот на порталот сакала да го израдува својот татко со специјален подарок. Нејзиниот дечко Мајкл предложил на својот дедо да му се купи традиционален српски специјалитет, и тоа онаа иста ракија која тој и Тифани ја пробаа додека вечерааа во еден од рестораните во познатата белгардска боемска улица „Скадарлија“.

„Познато е дека Трамп не пие алкохол, но Тифани му купила таков подарок за да ги почести гостите во Белата куќа. А за чварките, сигурно дека ќе се израдува“, вели изворот на „Курир“. 

Трамп од Белград доби две шишиња домашна ракија, една „слива“ и една „дуња“. 

Фото: Соња Спасиќ, Инстаграм