Актуелно // Insta вести
Тренди мајка и ќерка: Водителката Александра Илиевска и Сара ја освоија Братислава (ФОТО)
- 27 Февруари, 2023
Водителката Александра Пановска Илиевска која на јавноста ѝ стана позната како водителка на шоуто „Брза кујна“, а сега е дел од утринската програма на Канал 5, на својот профил на Инстаграм сподели дека со ќеркичката ужива во прекрасната Братислава.
Ќерката Сара која во јануари наполни две години позира со својата мајка, дотерана во слатка јакна и чизмички, како и тренди крзнена капа мече. Водителката пак има едноставна, слоевита комбинација одлична за ладните денови.
Претходно тие беа на зимување во Австрија.