Тренди тегет и црвени модни парчиња: Бои кои ќе преовладуваат оваа сезона

Добивај вести на Viber

Кога станува збор за комбинации на бои, во модата денес сè е дозволено.

Дури и комбинациите за кои некогаш се дискутираше и за кои се мислеше дека се „лош вкус“, денес се хит. Но, ако сте љубител на добрата стара класика, значи дека ќе останете верни на својот стил и ќе се израдувате што сезонава ќе ја одбележат проверени комбинации.

1. Одлична стилска комбинација е да се изберат црни фармерки (панталони), бела кошула со дуо дезен, а монотонијата да се разбие со црвен мантил.



2. Оваа пролетна комбинација на здолниште и блуза од колекцијата „Harper“ на брендот „Bella“ е за сите оние кои сакаат да бидат елегантни, а и уникатни.


3. Зарем има некој на кого не му стои добро тегет боја? Затоа оваа сезона предлагаме да изберете панталони и мантил токму во бојата на сезоната, а кои дефинитивно ќе ги износите со секакви модни комбинации. Ние овојпат како одличен избор имаме туника во црвена боја со интересни светлосини детали.


4. Нежен, модерен, единствен... Фустанот „Клои“ со миди должина и анимал дезен ќе направи од Вас вистинска модна дива.


*ПР објава