На фотката ќе видите 3 кренати прсти, две легенди, третата го има истиот статус: Што сподели Игор Џамбазов?

Добивај вести на Viber


Македонската легенда, Игор Џамбазов сподели фотографија на која се неговиот дедо Петре Прличко, Мајка му Анче Џамбазова и тој. Она што легендада на македонското глумиште и една од најдобрите македонски актерки и го оставија зад себе никогаш да не се заборави.

Иако за помладите генерации оваа фотографија можеби нема голема тежина, оние од 70-те, 80-те и 90-тите  со почит и восхит зборуваат за она што овие легенди го имаат напраено во својата кариера.

Имено, дедото на Игор, Петре Прличко бил еден од најекспонираните и најпопуларни актери во историјата на македонскиот филм и театар, а одбележал и неколку скалила од развојот на актерското мајсторство во Македонија. На 16 години, воодушевен од уличните актери и нивната енергија, како и магијата на театарот, го напуштил школувањето и се приклучил на патувачката група на Михајло Лазиќ – Чича, а на овој начин живеел се до неговите 32 години, кога по долги 16 години патувајќи со групата, го добил првиот професионален ангажман во тогашното Народно позориште „Краљ Александар I“ – денешен Народен театар во Скопје. Со прифаќање на оваа понуда тој и официјално ја започнал кариерата како професионален актер. Четири години подоцна преминал во Македонскиот народен театар – МНТ и останал таму се до неговото пензионирање во 1973 година. Една од позначајните претстави на Прличко се „Сомнително лице“, „Црнила“, „Коштана“, „Швејк во втората светска војна“ и многу други, а 1961 година се бележи како една од најплодните години во неговата филмска кариера, откако ќе се појави во првата македонска комедија „Мирно лето“ режирана од македонскиот режисер Димитрие Османли. Добитник е на многу значајни награди и признанија. Починал во Скопје на 16 ноември 1995 година.

Мајка му пак, Анче Џамбазова, беше  една од најплементитите актерки на овие простори, добродушна, питома, со гласна насмевка, бард на нашето глумиште. Има одиграно безброј улоги. Најпозната беше по улогите во „Мирно лето“ и „Македонски народни приказни“. За Игор беше особено горда и многу и беше важно само да е тој среќен. Анче е ќерка на Петре прличко, и сопруга на маестро Александар Џамбазов.

Она што и денес се раскажува е моментот кога маестро Александар одел да ја проси Анче кај Прличко, тогаш, тој му рекол дека ја проселе досега амбасадори, конзули, и дека не ја дава за „музикант“. Сепак тоа беше голема љубов, трпелива и раскошна. Почина во 1997 година. Маестро Џамбазов умееше да каже: „Кога си отиде Анче, и јас отидов, тука сум само онака“.

Со оглед на тоа дека  потекнува од познато легендарно семејство, и не залудно се вели дека „крушата под круша паѓа“. Сето она што македонската легенда Игор го има направено и постигнато, е плод на сето она што неговото семејство го стекнало низ годините.

Р.Ж.М