ТРИ ВАЖНИ ПРАВИЛА: Кејт Мидлтон наскоро ќе стана мајка, а погодете кој прв смее да ја дознае веста!

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон месецов треба да се породи со трето дете, а еве кои правила во кралското семејство мора да се почитуваат кога се раѓа кралското бебе.

Едно од три важни правила е кој прв треба да дознае за раѓањето на бебето, а сигурни сме дека веднаш погодивте-секако, тоа е кралицата Елизабета. Исто така, постои правило кралските бебиња да се раѓаат во Бакингамската палата, но Кејт го прекрши ова правило кога го раѓаше принцот Џорџ во болница.

Третото правило е дворскиот гласник да и соопшти на јавноста вест за раѓањето на бебето, а ова е симболично враќање во времето кога многу граѓни не знаеле да читаат и пишуваат.

Офиицијално соопштение, кое го потпишува главниот лекар во тимот, се донесува во посебен автомобил до Бакингамската палата и тоа под полисицки надзор . Во соопштението се наведува полот и тежината на бебето, но не се очекува името веднаш да биде соопштено.