Три венчаници на Шанел шиени по мерка-остварување на сонот: Ѕирнете во бајковитата венчавка на Софија Ричи
Еден од фустаните беше инспириран од познатата креација што на пистата ја носеше Клаудија Шифер.
Ќерката на познатиот музичар Лајонел Ричи и моделот Софија Ричи викендов се омажи за музичкиот издавач Елиот Гранџ, објавија странските медиуми.
Тие разменија завети во хотелот Cap Eden Rock во францускиот град Антиб, одбележувајќи го вториот ден од нивниот виорен пред-свадбен викенд на југот на Франција.
Неколку недели пред церемонијата, невестата ги посетила салоните „Chanel haute couture“ во Париз со нејзината свекрва Лејдли Керолин Гранџ и нејзината најдобра пријателка Али Мелер во потрага по совршената венчаница.
Всушност, три фустани кои таа ќе ги носи за време на свадбениот викенд. Но, да се вратиме малку назад.
Моделот и моден дизајнер Софија Ричи се сврши со основачот на „10k Projects“ Елиот Гранџ во април 2022 година по една година врска. Запросувањето било интимно и романтично со ливчиња од рози, свеќи и Елиот кој клекнал на едно колено и ја замолил Софија да се омажи за него.
- Засекогаш не е доволно долго - напиша Ричи во својата објава на Инстаграм од тој ден.
Врските меѓу семејствата Ричи и Гранџ се длабоки и нераскинливи. Имено, Лајонел Ричи бил чест соработник на таткото на Елиот, претседателот и извршен директор на Universal Music Group, Сер Лусијан Гранџ.
Софија и Елиот беа пријатели со години пред да почнат да се забавуваат.
Пред да ги избере трите фустани кои ќе ги носи за време на свадбениот викенд: проба за венчавка, свадбена церемонија и после забавата, Софија имала на ум што сака.
- Отсекогаш ја имав оваа визија за фустан за принцеза, но како што пораснав, сфатив дека сакам нешто поедноставно - објаснува невестата.
- Можеби едноставно не е вистинскиот збор бидејќи мојот фустан дефинитивно не е едноставен! – изјави Софија, пренесува француски Вог.
- Јас сум толку возбудена. Се омажив за Елиот, знам дека може да звучи непријатно, но тој е човекот од моите соништа - Софија не криеше дека е возбудена пред свадбата.
Што се однесува до невестинските креации, Софија го избра Шанел и работеше со креативната директорка на Шанел, Вирџинија Вајард, за да ја оживее нејзината визија и да ги оствари нејзините соништа.
Кога станува збор за изгледот на денот на венчавката, Софија верувала дека „помалку е повеќе“.
- Сакам да биде едноставно и безвременско. Се надевам дека за многу години ќе се навраќам на моите свадбени фотографии и ќе почувствувам дека останав доследна на мојата визија – заклучила таа.
За пробата на венчавката Софија избра наметка со мониста со долги ракави со високо деколте.
- Се плашам да се движам затоа што не сакам да уништам едно зрнце - рече таа за време на генералната проба.
- Ова е како бајка. Навистина е. Тоа е како уметничко дело. Се чувствувам како принцеза, навистина се чувствувам!
По свадбената проба, следниот ден следеше свадбената церемонија, а манекенката до олтарот ја придружуваше таткото Лајонел Ричи.
Меѓу гостите беа и сестрата на Софија, Никол Ричи, нејзиниот сопруг Џоел Маден, Камерон Дијаз која е во брак со неговиот брат Бенди Меден, Парис Хилтон со сопругот и многу други.
За венчавката, Никол избра уникатна венчаница со вкрстено деколте инспирирана од изгледот од колекцијата есен 2023 на Шанел.
- Фустанот е магичен. Искрено, мислам дека на Елиот ќе му се допадне. Ако не плаче, ќе бидам многу тажна - се пошегува таа.
На внатрешната страна на фустанот има сино „S&E“ (иницијали на Софија и Елиот) со датум одоздола - тој е сошиен во ткаенината.
- Ни се допадна и дизајнот на срцето во средината на моите гради и ребра - вели невестата.
Покрај тој дизајн на срцето, има уште еден украс на срцето подолу по фустанот свртен кон другата насока.
Соодветно, двете срца се свртени едно кон друго - правејќи суптилен, но многу романтичен скриен мотив во центарот на дизајнот на фустанот што е симбол на врската што Ричи ја чувствува со мажот со кој сега се омажи.
А за афтер-журката, Софија избра краток, бел фустан со струк инспириран од фустанот на писта на Клаудија Шифер, кој имаше цвет од камелија на градите.
- Можам да танцувам и да се движам во него. Тоа е традиционален фустан на Шанел. Јадам пица и помфрит во него. Молете се за овој фустан. Ќе ми биде животна мисија ништо да не му се случи – се пошегува Софија.
Што се однесува до шминката, Софија исто така се одлучи за едноставна и елегантна.
- Шминката ја одржувам многу едноставна цел викенд. Сакам да биде безвременска. Не сакам да се навраќам наназад за 20 години и да бидам згрозена – објаснила таа.
ФОТО: Инстаграм