Tридневен спортски спектакл на FIBA 3х3 баскет турнирот во најатрактивната арена на отворено тоа е Скопје Сити Мол

Добивај вести на Viber

Од 1-3 јули катната гаража на Скопје Сити Мол беше претворенa во вистинска спортска арена за rooftop FIBA 3х3 баскет турнирот, организиран од страна на здружението “3×3 Basketball Skopje” Македонија и Скопје Сити Мол. На првиот ден од турнирот U18, се натпреваруваа осум екипи под 18 години, а првото место го освои екипата Outsiders, второто – екипата Chair Eagles, а со бронза се закити екипата Threesome.

На Satelite турнирот за натпреварувачи над 18 години учествуваа 5 странски и 7 македонски екипи - златото отиде во рацете на G-unit од Бар, Црна Гора, второ место освои екипата на Кино Влае, а третото место го освои екипата Godesnt Битола. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Алекса Вујадиновиќ од победничката екипа.

Победниците на натпреварот добија парична награда од 2.000 евра и слот за учество во Challenger турнирот, за освоеното второ место беше доделена награда од 1.000 евра, а пригодни подароци добија сите учесници на натпреварите.

Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA како дел од календарот на светската куќа на кошарката, а со него стартува и 3х3 летната лига на територијата на Македонија. Значењето и популарноста на овој спорт се зголемуваат со промовирањето на 3х3 баскетот  како официјална олимписка дисциплина на последните Олимписки Игри.  Во Македонија главен промотор на овој спорт е здружението “3×3 Basketball Skopje” кое оваа година го прославува петтиот јубилеј, а Скопје Сити Мол е традиционален партнер на овој турнир четврта година по ред.

„Чест ни е што ја задржуваме традицијата да го поддржиме и да помогнеме во промоцијата на овој урбан уличен спорт, кој се избори за своето место и на Олимписките игри. Со задоволство бевме домаќини и на катната гаража направивме спортска арена за дваесет екипи кои учествуваа на турнирот и се погриживме за врвно доживување на сите „баскетболџии“ и на сите посетители. А кога ќе се спојат два јубилеи – пет години „3 на 3 баскет Скопје“ и десет години Скопје Сити Мол, 3х3 баскет турнирот станува вистински спортски и забавен спектакл, на отворената арена на катната гаража во омилениот трговски центар. Веруваме дека го доближивме 3 на 3 баскетот до поголем број на млади и дека наредната година ќе имаме уште повеќе екипи и натпреварувачи.“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Турнирот беше поддржан и од Агенцијата за млади и спорт и Кошаркарска Федерација на Република Северна Македонија, а своја поддршка дадоа и “Bako Nuts” и Комерцијална Банка, како и Ред Бул, Пан Европа - Галерија, Беоспорт и Винчини.

За доживувањето да биде потполно, покрај официјалниот дел со баскет натпреварите 3 на 3, Скопје Сити Мол подготви вистински спортски и забавен спектакл со натпревар во забивање, сетови од познати македонски диџеи, натпревар во шутирање на тројки, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна.

ПР објава