Тридневна диета со која ќе ослабнете четири килограми
Првата популарна диета на крајот на 80-те години на минатиот век ја нарекувале војничка диета, морнарска диета, диета на Клиниката во Кливленд или едноставно-тридневна диета. Со овој режим на исхрана некои луѓе можат да ослабнат и до четири килограми (со тоа што првенствено се работи за губење вода), но чувството на задоволство поради брзите резултати е непроценливо.
ПРВ ДЕН
Појадок: Половина грејпфрут, парче тост, две лажици путер од кикирики и кафе или чај
Ручек: 50 грама туна, парче тост, кафе или чај
Вечера: 100 грама било кој вид на месо, 50 грама грашок, пола банана, помала јаболка и 50 грама сладолед од ванила
ВТОР ДЕН
Појадок: Едно јајце, парче леб и пола банана
Ручек: 50 грама свежо сирење или парче тврдо сирење, едно тврдо варено јајце и пет слатки крекери
Вечера: Две виршли, 50 грама брокула, пола банана и 50 грама сладолед од ванила
ТРЕТ ДЕН
Појадок: Пет слатки крекери, парче тврдо сирење и помала јаболка
Ручек: Тврдо варено јајце и парле тост
Вечера: 50 грама туна, пола банана и 50 грама сладолед од ванила