Трифун Костовски го ожени синот: Зурли и тапани, преубава невеста и весела атмосфера
Познат по многу титули, меѓу кои и онаа на поранешен градоначалник на град Скопје, Трифун Костовски е активен на социјалните мрежи, каде често споделува моменти од приватниот живот.
Така овој пат објави дека го оженил својот најмал син Филип.„Почитувани пријатели, го дочекав денот кога и мојот најмал син Филип стапи во брак со прекрасната Софија Кузмановска. Свадбата беше организирана согласно традиционалните обичаи на нас, Македонците од православна христијанска вероисповест. Зурли и тапани во мојот дом, во домот на семејството Кузмановски кога по старите обичаи моравме да ја „купиме „ невестата и да продолжиме со венчавка во црквата Пресвета Богородица. Чин кој што силно ме возбуди и ме врати во некои дамнешни времиња. Јас ја почувствував привилегијата на обичаите мои, Македонски да бидат повторно чевствувани, ама овој пат во нова цивилизирана и софистицирана атмосфера. Регистрацијата и свадбата во присуство на повеќе од 350 гости се одржаа во винаријата Камник. Посакувам секој од вас мои пријатели да го доживеете овој чин кој ќе ве врати во младоста и ќе ве просветли во животот. Мудроста меѓу нас повозрасните доаЃа токму од животот и искуството на животниот пат кој сме го поминале. Да се радуваме на секој божји ден кога има веселби, венчавки, крштевки.“ - напиша Трифун во описот на фотографиите.