Трошна куќа на хиподром: Ана Михајловски пораснала во тешки услови, вака изгледа домот во кој живеела
Водителката никогаш не криела дека пораснала во тешки услови за живот
Популарната српска водителка Ана Михајловски моментално живее во луксузен стан во Земун, а пораснала во скромна куќа на Хиподром во Белград, каде детството го поминала дружејќи се со коњи.
Куќата на еден кат има само неколку соби, а од луксузот во кој денес ужива водителката нема ни трага. Водителката има спомени од дворот и трошната куќа бидејќи таму пораснала со мајка ѝ и сестра ѝ. И денес повремено го посетува местото, не само од нејзиното детство, туку и од детството на нејзината мајка Ања.
- Мајката на Ана имаше тежок живот. Тешко беше да се живее меѓу мажи и да се работи она што таа ја работи – изјави во една прилика извор за медиумите за мајката на Ана, која исто како и нејзиниот татко е професионален џокеј.
Водителката никогаш не криела дека пораснала во тешки услови за живот, но не криела и дека ситуацијата во која се наоѓаат младите денес е подеднакво тешка:
- Исто така, во овој момент околу 30 отсто од лицата до 18 години се во ризик од сиромаштија. Исто така, многу е важно да се каже дека повеќе од 50.000 млади луѓе ја напуштаат Србија секоја година. Тоа се претежно образовани луѓе кои бараат подобар живот некаде во странство. Сепак, мислам дека сум најмалку важна, само сум дел од една од страшните статистики на нашата држава и за тоа треба да се пишува.
Извор: www.espreso.co.rs