Туризмот во Крушево постојано се надградува - Хотел Монтана со комплетно реновиран ресторан ДОМО

Добивај вести на Viber

Новиот менаџмент на хотелот Монтана во Крушево за краток период започна со реализација на инвестициските зафати со цел подобрување на туристичката понуда на нивниот хотел.

Комплетно е реновиран хотелскиот ресторан ДОМО кој има капацитет за 200 до 250 гости, адаптибилен за одржување на различни прослави и свечености. Освен ентериерот, ресторанот има и освежена понуда на традиционална домашна храна како и интернационално мени за своите гости.

Ресторанот ДОМО нуди неповторлив амбиент во кој истовремено го имате најубавиот поглед на Крушево и поглед кон едно од најзначајните дела на големиот македонски уметник Борко Лазески, Илинден 1903.

Со своите 78 соби и конференциски сали кои можат да се користат како за помали тренинзи, семинари и обуки, па се до конференции, конгреси настани. Конференциските сали собираат од 15, 30, 40, 50 па се до 330 лица.

Хотелот располага со паркинг простор кој целосно ги задоволува потребите за организација на секаков вид настани.Целокупното уредување и реновирање на 

Ресторанскиот простор беше изведен од страна на компанијата за производство и трговија со мебел КМ МАЗАР од Скопје.


*Пр објава