Турската убавица Седа Бакан откри дека е трудна

Турска актерка која во 2014 година стапи во брак со музичарот Али Ерел, во август 2019 година за прв пат стана мајка откако се роди нејзината ќерка Лејла. Малата Лејла, која често е дел од фотографиите на Седа на социјалните медиуми, претставува центар на светот на нејзините родители.



Од неодамна, познатата глумица со босанско потекло преку објава на Инстаграм откри дека е повторно трудна. Имено, таа и нејзиниот сопруг, го очекуваат своето второ дете. Актерката во објавата го откри и полот на бебето.
„Носам уште едно девојче. Бремена сум во четвртиот месец.“, напиша Седа. 

Во изјава за новинарите, на прашањето „Како ја поминувате бременоста?“, Седа одговори: „Бременоста оди многу добро. Се чувствувам среќно.“ Седа изјави дека сеуште не знаат кое име ќе и го дадат на малата кога ќе се роди, но и дека со сопругот постојано преговараат за нивните желби. 


Изјавувајќи дека се поправила 10 килограми, актерката рече: „Во првата бременост накачив 30 килограми, но сега мислам дека нема да се здебелам толку многу“.

Кај нас, Седа моментално е актуелна во улогата на Лејла од популарната серија „Дозволи да те сакам“. Таа игра самохрана мајка која се мажи за богатиот бизнисмен Хашмет со цел да му даде подобар живот на нејзиниот син. Сепак, работите добиваат неочекуван пресврт на денот на нејзината венчавка, кога Лејла открива дека Хашмет има темна страна. Алпер, кој е вработен кај Хашмет, ѝ помага да избега, а двајцата неизбежно се вљубуваат.


„Дозволи да те сакам“, ги има сите состојки за успешна серија: емоции, драма, опасност, пресврти на судбината и, се разбира, многу љубов. Не ја пропуштајте новата епизода секој работен ден во 20:50 часот на каналот Dizi