Уапсен педофилот кој на социјалните мрежи им се закануваше на мололетнички со силување

Добивај вести на Viber

Полицијата го уапси возрасниот маж кој на социјалните мережи им се обраќал на помали девојчиња со вулгарни зборови и закани, а комуникацијата беше споделена на Фејсбук групата СТОП Педофилија

Станува збор за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, а во моментот кога комуницирал со девојчињата престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе.

Станува збор за Б.Т., на кому полицијата му го одзела мобилниот телефон, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Во неговите недолични и вознемирувачки пораки им се пишува на 15 годишни девојчиња заканувајќи им се дека ќе ги киднапира и ќе ги силува. Човекот потоа се заканува и со примена на сила.