Убавата манекенка Ирина Шајк ја вознемири публиката: На модната недела во Лондон се појави со огромна модринка под окото (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ирина Шајк на модната недела во Лондон се појави со модринка под окото.

За многумина, најубавата жена која некогаш чекорела по земјата, Ирина Шајк, на Модната недела во Лондон овој пат загрижи и изненади многумина. Имено, таа прошета по пистата со прилично голема модринка под окото.

Овој пат за модниот бренд „Mawalola“ носеше неколку различни модни комбинации. Од тесен металик долг фустан со голи рамена, па сè до краток со принт на познатиот рапер Тупак.

Кога станува збор за модринката, која веднаш загрижи многумина бидејки наводно доживеала физичко насилство, се покажа дека станува збор за шминка. Но, дизајнерите успеаја да го постигнат токму тој ефект - да шокираат и потсетат дека семејното насилство може да му се случи на секого, вклучително и на познатите и дека е важно да се зборува за тоа.

Дизајнерите често ги користат своите креации за да се осврнат на социјалните и политичките прашања, со што предизвикуваат дискусија и размислување. Во овој случај, модрината на Ирина под нејзиното око може да се сфати како намерен обид да се привлече вниманието на проблемот со семејното насилство, проблем што погодува милиони луѓе ширум светот. А за кои не треба и не смее да се молчи...

Погледнете како изгледала Ирина Шајк:


Фото:LensiPhotography/SplashNews.com / screenshot/youtube

Извор:dailymail.co.uk