Убавата Нина зад себе ги остави родителите и сестрата: Лепотицата која загина во превртениот автобус кај Лесковац

Фото: Facebook/Nina N.

Пријателка ја потврди трагичната вест

Водичот на патот Нина Н., загина вчераутро кога под неразјаснети околности се превртел автобус на сомборскиот превозник „Север транс“, кој превезувал патници од Грција на одмор.

Работела во новосадска туристичка агенција.

Пријателката на жртвата е во шок и вели дека не може да поверува дека тоа се случило.

- Слушнав дека Нина загинала, страшна вест, многумина од нас кои ја познаваме не можат да поверуваат. Мајка ѝ, татко ѝ и сестра ѝ ја изгубија за еден ден, тага... Не знам толку убави зборови со кои би ја опишала Нина и нашето пријателство - изјави нејзината пријателка Јасмина за српски „Телеграф“.

Да потсетиме, сообраќајната несреќа во која загина оваа убавица се случи околу 05:25 часот, додека во автобусот имало патници, претежно од Нови Сад и Белград, кои се враќале од летување во Грција.

Засега нема официјални информации за причината за сообраќајната несреќа.

извор: www.telegraf.rs