Убави мисли за убавината на жената

Добивај вести на Viber

Секоја девојка треба да ги користи даровите на мајката природа, пред таткото – време да и ги земе. Питер Лоренс 

Можете да најдете жени кои никогаш немале љубовници, но тешко е да најдете такви кои имале само еден. – Франсоа де Ларошфуко 

Телото, тоа е најмалото нешто што може да му го даде жената на мажот. – Ромен Ролан

Убавата жена е допадлива во очите, а добрата во срцето – едната е скапоцен камен, а другата е богатство. – Наполеон 

Лицето на мажот е неговата автобиографија. Лицето на жената е нејзината имагинација. – Оскар Вајлд 

Мажите се научени да се извинуваат за својата слабост, жените за својата сила. – Луис Вајс 

За да стигне до срцето на една жена, мажот мора прво да го користи своето. – Мајк Добертин

Мажите кои зборуваат лошо за жените, обично имаат на ум само една жена. – Реми де Гурмон