Убави вести: Момче од БиХ кое е родено со само 640 грама го прослави својот прв роденден

Малиот Арслан, момче од Босна и Херцеговина, пред неколку дена го прослави својот прв роденден. Неговите родители никогаш не изгубиле верба и надеж, а тој денес е здраво дете кое моментално тежи 7 килограми и 800 грама.

Чудата се случуваат и надежта никогаш не треба да се изгуби. Тоа го потврдува и приказната за малиот херој, Љути Крајишник Арслан.

Арслан е роден на 26 јануари 2022 година во Германија, три месеци пред предвиденото. Тежеше само 640 грама. По неговото раѓање, тој помина 3 месеци во инкубатор во градот Траунштајн.

Неговата мајка е Аднана Грачанин од Доња Слапница, а татко му е Осман Грачанин од Велика Кладуша. Денес живеат во мало гратче на границата на Германија и Австрија.

Малиот херој и неговите родители не изгубија надеж. Арслан неодамна го прослави својот прв роденден, денес е здраво дете и моментално тежи 7 килограми и 800 грама.

Среќно е и семејството, особено дедото Дамир Муртиќ, познат како Дамко Хамдин од Велика Кладуша, кој сите овие детали ги испратил на порталот Gpmaljevac.com.


Извор: новиживот