Актуелно // Insta вести
Убави вести на Велики четврток од Даниел Кајмакоски: Пејачот и сопругата очекуваат бебе
Пејачот Даниел Кајмакоски во јануари годинава се ожени со својата избраничка со која живее во
Белград. Тој тогаш на Инстаграм стори објави фотка од венчавката, а се‘ уште
вешто го крие името на неговата сопруга.
Овој пат на големиот христијански празник Велики четврток пејачот сподели голема радост, дека неговата партнерка и тој очекуваат бебе: „Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име…. Го чекаме нашето мало момче“.
Инаку ова е втор брак на Кајмакоски, тој беше оженет со поранешната мисица Кристина Димитри со која има и дете, синот Давид кој во февруари наполни 6 години.
Фото: Инстаграм - Даниел Кајмакоски