„Убавината ти е бескорисна ако си глупа“: Најубавата жена во Европа откако се разведе од познат фраер, си најде 18-години помладо момче

Италијанската дива Моника Белучи има 57 години. Возраста е само бројка бидејќи актерката и понатаму е една од најубавите жени во светот.

Моника Белучи е родена на 30 септември 1964 година во италијанскиот град Чита ди Кастело како единица во скромно семејство, а својата кариера во манекенството ја започнала кога имала тринаесет години.

На покана на агенцијата Elite Model Management, во 1988 година се пресели во европскиот моден центар Милано, воспостави соработка со тогаш непознатите модни дизајнери Доминик Долче и Стефано Габана и стана заштитно лице на нивниот бренд Долче и Габана.

Таа влезе во светот на филмот на почетокот на деведесеттите години, а улогата Малена и донесе светска слава.

Филмот „Малена“ открива необична приказна за волшебноста и сонувањето на Ренато, тринаесетгодишник кој е опседнат со Малена, најубавата и најпосакуваната жена во градот која живее сама, бидејќи нејзиниот сопруг отишол во војска. 

Во овој филм, Моника е претставена како икона за убавина, филмски гламур и шарм, како некои одлични диви од минатото.

Таа глумеше во филмовите „Дракуча“, „Пакт со волците“, „Апартман“, „Одзади“, „Собите на сонцето“, „Страдањата на Христос“, „На Млечниот пат“. Таа е првата актерка што ја игра девојката на Бонд во шестата деценија - имаше 50 години кога се појави во епизодна улога во филмот „Спектра“.

Белучи беше во брак со францускиот актер Винсент Касел од 1999 до 2013 година и со него има две ќерки.

Ретката комбинација на совршено лице и волшебното тело на Моника Белучи и ја донесе титулата секс симбол и важи за една од најубавите жени во светот. Бројни машки списанија редовно ја рангираат на самиот врв на изборот за убавина и сексапил, а актерката во интервју за Би -Би -Си за својот изглед изјави:

„Убавината е хендикеп ако сте глупави, но не и ако сте интелигентни и знаете како да ја користите вашата убавина. Се чувствувам добро и удобно во моето тело, но не затоа што сум убава. Знам многу убави луѓе, а нивните животи се ужасни. Тие се чувствуваат многу непријатно со самите себе. Среќна сум што ме сакаат. Имам прекрасно семејство". 

Од 2017 година, Моника е во врска со 18-години помладиот француски уметник Никола Лефевр (38). Разликата во години очигледно воопшто не им пречи, па во последно време актерката и поранешната манекенка се почесто ги гледаме заедно на разни шоу-биз настани.


Фото: Profimedia

Цела Венеција гледаше во 16-годишната ќерка на најубавата жена во светот: Ги украде погледите на сите на гламурозното шоу на Долче и Габана