Цела Венеција гледаше во 16-годишната ќерка на најубавата жена во светот: Ги украде погледите на сите на гламурозното шоу на Долче и Габана

Викендот во Венеција се одржа еден од најгламурозните модни настани во годината - спектакуларно шоу на познатиот бренд Долче и Габана. На шоуто пристигнаа бројни славни убавици, како Џенифер Лопез, Хелен Мирен, Шерон Стоун, Лејди Кити Спенсер, а овој пат на пистата прошетаа и некои нови надежи.

Познато е дека прекрасната Моника Белучи со години е муза и инспирација на италијанското модно дуо, но дојде време да ја предаде диригентската палка на нејзината 16-годишна ќерка Деви.

Викендов, Дева Касел беше главната sвезда на шоуто, кое ви го одзема здивот во бајка со светло розова тоалета со зашиени тридимензионални цвеќиња и панделки направени од кадифе, сатен, и шифон. 

Тинејџерката со овој фустан носеше балетанки и впечатлив накит, а нејзината долга, бујна виткана коса совршено ја надополни целата оваа женствена, гламурозна комбинација. 

Очигледно е дека Дева тргна по стапките на нејзината мајка и полека, но сигурно го зазема своето место во водите на манекенството. Да потсетиме, таа веќе сними неколку кампањи за оваа модна куќа, меѓу кои и реклама за парфемот Shine на езерото Комо. 

Исто така, прекрасната 16-годишна девојка веќе двапати ја красеше насловната страна на француското издание на списанието „Ел“ и еднаш шпанското издание на „Харперс базар“. Не е ни чудо што сите и предвидуваат брилијантна кариера.


Да потсетиме, Белучи ја доби Дева со францускиот актер Винсент Касел, а двојката ја има и ќерката Леони (12), парот стави крај на нивната љубов во 2013 година. Поранешните сопружници дадоа се‘ од себе за да ја заштитат приватноста на своите деца, но пред две години постарата Дева заплови во водите на манекенството, а центарот на вниманието на јавноста сега се‘повеќе е насочен кон неа.


Оваа 16-годишна девојка не личи премногу на нејзината мајка или татко, па веруваме дека таа го наследи најдоброто од двајцата, иако наликува на Моника Белучи од нејзините помлади денови. 


Фото: Profimedia

Последен пат заедно се фотографиравме кога бев во утробата на мајка ми: Ќерката на Моника Белучи за прв пат на насловна со мајка си