Последен пат заедно се фотографиравме кога бев во утробата на мајка ми: Ќерката на Моника Белучи за прв пат на насловна со мајка си

Добивај вести на Viber

Актерката Моника Белучи и нејзината ќерка Дева Касел ја маѓепсаа Европа со заедничката насловна страница на италијанското издание на списанието „Вог“.

Интересно е што нивната позиција е внимателно осмислена: Моника е поставена така што имплицира дека доаѓа време за новите генерации, а вистински пример за нови убавици кои се актуелни во светот на модата е Дева Касел.

View this post on Instagram

A post shared by Deva Cassel (@d.casseluxxi)



Заедничката фотографија ја објави и  Винсент Касел, таткото на Дева и поранешниот сопруг на Моника Белучи, со зборовите: „Семејни врски“.

Дева Касел, ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, полека, но сигурно се искачува на врвот на модната индустрија. Иако има само 16 години, таа веќе е заштитно лице на парфемот Долче и Габана, а сега позира со својата мајка на насловната страница на најновото издание на италијанскиот Вог. И токму кога мислевте дека знаете сè - Дева открива дека следната сезона ќе биде заштитно лице на модната куќа Диор.

„Таа е ваква - секогаш слободна, леташе со авиони од својата 13 година и зборува на пет јазици. Дали видовте како изгледа? Не се плаши од ништо “, рече Моника Белучи за нејзината ќерка на снимањето.

Во оваа прилика откриле и дека кога некој од нив се снима, другиот не гледа, за да не го вознемирува, а Моника посветува особено внимание на тоа што Дева не се чувствува како да е во нејзината сенка, поради што таа се обидува помалку да и приговара.

„Љубов, тоа си сега ти“, им рече таа на новинарите, „Не сакам да ја посрамотам, плус знам колку добро позира“.

View this post on Instagram

A post shared by Monica Bellucci (@monicabellucciofficiel)



На прашањето зошто сака да се фотографира со нејзината мајка, Дева даде трогателен одговор: „Бидејќи последен пат заедно се фотографиравме кога бев во утробата на мајка ми“. Сега кога го започнав моето патување, сакам да се повтори“.

Позирањето за италијанското издание е многу симболично заради заедничкото потекло. Актерката и модел истакна дека Дева е родена во Рим, и дека тие зборуваат дома со мешавина од италијански и англиски јазик, со исклучок на францускиот јазик, кој е мајчин јазик на нејзиниот поранешен сопруг и таткото на Дева.

Најмалата ќерка на Моника Белучи, 11-годишната Леони Касел, не учествувала на снимањето, а Моника истакнува дека поради тоа имале посебен разговор.

Моника Белучи на насловна со ќерка си: Дева најубавите гени ги наследила од мајка си (ФОТО)

Последен пат заедно се фотографиравме кога бев во утробата на мајка ми: Ќерката на Моника Белучи за прв пат на насловна со мајка си