УКИМ и ОКТА ќе потпишат Меморандум за соработка

Добивај вести на Viber

Во петок со почеток во 11 часот на Ректоратот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, во Скопје со потпишување на Меморандум за соработка ќе продолжи успешната соработка меѓу УКИМ и компанијата ОКТА АД Скопје. 

Соработкатата ќе овозможи стипендирање на вкупно 10 студенти на втор циклус студии на следниве факултети во рамки на Универзитетот: по две стипендии ќе бидат доделени на Економскиот, Машинскиот, Факултетот за електроника и информациски технологии, Технолошко - металуршкиот и Природно - математичкиот факултет. 

Поптишување на Меморандумот значи продолжување на повеќегодишната соработка меѓу Универзитетот и ОКТА, преку реализирање на редовната програма за практиканти, како и поддршка од страна на компанијата на различни активности поврзани со унапредување на наставно - образовниот процес.