Умира од рак на дојка и последните денови од животот им ги посветува на другите: Сакав да станам мајка, но сега е предоцна

Почувствував грутка на десната дојка под туш и инстинктивно знаев дека нешто не е во ред. Погледнав подобро и видов дека брадавицата се преврти, кожата се повлече и се појави осип на едниот дел, се присетува Ники Њуман (33) од Велика Британија на тој ден пред три години кога почувствувала дека животот ќе ѝ се промени, но не на подобро.

Го повикав докторот и закажав преглед. Тој не губеше време, веднаш ме упати во болница, каде поминав низа прегледи, мамографии и биопсија.

„Не требаше докторот да ми каже дека имам рак, тоа веќе го знаев“ - кажа Ники и додаде дека отсекогаш особено внимавала на градите, бидејќи во нејзиното семејство веќе постои историја на такви тумори.

Она што не можела ни да го претпостави, било дека ракот се проширил низ нејзиното тело и ги зафатил коските. Ѝ кажале дека е во четвртата фаза од болеста, по што следувал нов шок.

„Пред оваа дијагноза сопругот Алекс и јас силно посакувавме да станеме родители, па затоа се одлучивме на вештачко оплодување. Го прашав докторот колку долго ќе живеам, тоа беше првото прашање, а второто: „Што ќе се случи со моите ембриони?“  - раскажа таа.

Се испоставило дека нема да може да стане мајка и тоа ја погодило многу. Поминала низ процесот на тагување како да изгубила некој.

View this post on Instagram

A post shared by Nicky Newman | NickNackLou (@nicknacklou)

„Ми требаше навистина многу време за да се помирам со тоа. Целиот живот ни се преврти наопаку. Во еден момент верувавме дека ќе имаме семејство и дека ќе водиме нормален живот каков што имаат сите и одеднаш ве фрлаат во овој брод со други луѓе за кои не сте ни знаеле дека постојат“ - вели оваа млада жена.

Вели дека морала да пронајде сила во себе за да продолжи со животот.

„Чудно ми е и да го изговорам тоа, но ракот ми ја разбуди желбата за живот, како дотогаш да не живеев“ - посочи таа и призна дека на социјалните мрежи отворено зборува за својата болес и лекување, за своите емоции, стравот, среќата...

„Сакам на луѓето со слични дијагнози да им дадам надеж, бидејќи со оваа болест може да се живее, јас сум жив доказ дека е можно. Поминаа три години, а статистиките покажуваат дека просечниот животен век на заболените е помеѓу три и пет години, а јас сум сѐ уште тука.“ - вели Ники, а потоа додаде:

View this post on Instagram

A post shared by Nicky Newman | NickNackLou (@nicknacklou)

„Исто така, сакам да ги едуцирам луѓето и да ги мотивирам да пронајдат во себе доволно самодоверба и да зборуваат кога ќе почуваат дека нешто не е во ред со нив. За мене е предоцна, но за другите не е. Доколку успеам да спасам барем една личност, тогаш вреди ова што сега го поминувам.“

Таа активно ја поддржува кампањата за рано откривање на ракот на дојка која ја води добротворната организација „CoppaFeel“. Нивното истражување открило дека дури 67% од жените на возраст од 18 до 35 години не ги проверуваат редовно своите гради.

Ники вели дека целта ѝ е да ги освести жените за да одат на редовни прегледи за градите и да се изборат за себе, доколку докторите се обидуваат да ги уверат дека се премлади за оваа болест.