УНИБанка АД Скопје започна нова летна промотивна акција за своите клиенти.
Во рамките на промоцијата, сите иматели на Mastercard кредитни картички, издадени од банката ќе имаат можност без провизија да подигнуваат готовина на банкоматите на УНИБанка.
Промотивната кампања "Кеш без провизија" започна од 1 јули и ќе трае до 31 август 2019 г. Mastercard кредитната картичка нуди можност за купување на еднакви месечни рати БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 200 трговци партнери на УНИБанка, месечен минимум за плаќање - 5% од износот на долгот, без провизија при плаќање во трговската мрежа и користење на мобилно и електронско банкарство.
Повеќе информација на: http://www.unibank.mk/categories/view/925