Животна училница // Приказни
Уникатна, а едноставна: Што ќе облече Тамара на „Евросонг“?
- 19 Март, 2019
Македонскиот дизајнер Александар Ношпал (46) ќе биде задолжен за стајлингот на Тамара за настапот во полуфиналето на Евросонг на 16 мај во Тел Авив, Израел, дознава ексклузивно „Независен весник“.
Ношпал вели дека Тамара ќе биде уникатна, а стајлингот ќе ја изненади јавноста.
- Уште е рано да го откривам изгледот на нашата ѕвезда, ама ќе биде едноставна и прочистена во стилот - вели тој.