Упатство за животот: Најточниот хороскоп на сите времиња

Движењето на планетите, транзитните планети, има многу влијанија врз нас, врз нашиот организам како и со со нашиот изглед, однесување, карактер.

Со помош на планетарните аспекти, можеме да напредуваме, да имаме упатства во животот.

Овенот е предводен од планетата Марс. Планетата Марс му даде храброст, тој не се плаши од ништо освен конкуренцијата, сè мора да биде прво, дека неговиот збор е прв и дека тој е секогаш во право. Тој се натпреварува во општеството, сака да биде во центарот на вниманието. Најдобрите активности се да се игра спорт, гарантирано е да се освојат првите места кога тој сака толку многу да се натпреварува. Но, треба да си ја чува главата. Овенот е тој кој освојува, него никој не може да го освои.

Бикот е под власт на планетата Венера. Таа му овозможува на еден Бик да верува и сè да е убаво. Вистински хедонист, кој ужива во животот. Правилото за Бикот е: љубовта минува низ стомакот. И повлечените припадници на овој знак, имаат голема убавина, имаат изразено чувство за мирис, вкус, парфемите се фетиш... Можете да ги купите со прекрасно сочно, моќно чоколадо, затоа што сакаат да јадат мноооогу.

Близнаците се под власт на Меркур, тие се агилни луѓе, секогаш се во движење, час се таму, час се ваму. Меркур им дал брзина, тие се како магла, сега се пред вас и никогаш нема да знаете кога можат да бидат зад вас. Тие се премногу шармантни и не можете да одолеете на нивниот шарм ... Но, Близнаците често знаат да се досадуваат и да се уморат.

Ракот е под власт на месечината. Тие се приврзани кон нивното семејство, тоа е нивниот приоритет во животот, тие ќе ги запостават сите свои обврски само да бидат во топол дом .Ова е нивната безбедност. Поради тоа што се забавни, Раковите се многу чувствителни и често пати плачат  и ги сакаат луѓето кои исто така плачат.

Лавовите се водени од планетата Сонце. Мора да блескаат. Тие обрнуваат внимание на другите и се во центарот на вниманието, се вртат околу нив, се болни ако немаат внимание, Лавовите го ценат секој свој квалитет и бараат и другите да ги ценат. Не допирајте го Лавот додека спие, кога ќе го налутите, готово е се!!!.Но, ќе бидете измамени ако мислите дека тој нема срце. Да, има место за сите кои ги сака во неговото срце.

Девицата како и Близнаците е под владеење на Меркур, но тука веќе се е поинаку. Девиците се здодевни, постојано би размислувале, чистеле, возеле, и се сакаат да им е под ред- болни по чистота. Девиците се многу паметни и мудри, не можете да ги измамите во никој случај, тие знаат сè .многу се бистри и спремни да дадат љубов, ама и таквата љубов ја анализираат на 1000 начини.

Вагата е под власт на Венера, рамнотежа на емоциите, партнерство. Тие ќе направат сè за својот партнер. Вагите и Биковите се многу убави, имаат убава коса, раце, прсти, но нивната природа не е премногу убава. Вагите исто така можат да бидат одмаздници, но тие брзо знаат да простат, водени се од убавината и убавината што можете да ја создадат. Комплиментите ги купуваат, стопете ја нивната душа како коцка мраз со топли зборови. Лесно е да ги сакате.

Шкорпијата е управува со Марс и Плутон. Директори, одмаздници, брутално искрени, директени... Скорпијата едноставно зрачи и еден поглед е доволен за да ве оборат од нога. Тие некго сакаат до смрт но кога ќе ја повредите Шкорпијата, таа ќе ве ослободи и како никогаш да не сте постоеле во нејзиниот живот. Тие не простуваат туку го сакаат секој атом на своето битие и се гордеат што се Шкорпија. Може да ги повредите ќе поминат, векови и, векови, но тие не забораваат. Нема начини на кои можете да измислите да ги вратите Шкорпиите во вашиот живот. Никогаш не се враќаат!

Со Стрелецот управува Јупитер. Прекрасна планета која носи добро, среќа, просперитет. Тиене мируваат, многу се подвижни, исполнителни и имаат брзо темпо. Веруваат дека сите луѓе се прекрасни и тоа е нивната слабост. Затоа често знаат да бидат скршени. Можете да ги распнете, тие ќе ви дадат сè што имаат. Ама ќе се покаете за брзо. Знаат да ви вратат и не ќе знаете што ве снашло.

Јарецот е под власт на Сатурн. Редот, работата и дисциплината се однесуваат на Јареците. Со нив имате пријател до гроб. Во одредени ситуации се досадни, иритираат, некогаш мислат дека го собрале целиот памет на планетата. Тешки се менално за соработка. Ама, толку се амбциозни, што се креваар во воздух. Нема таква сила која же ги натера да се смират кога се во поход. Зад нивниот ладен лик се крие човечност на високо ниво, а многумина не се свесни дека токму Јарците се единствен знак во зодијакот со кој ќе имате љубов од соништата.

Водолијата е под власт на Сатурн и Уран. Водолија е револуција, промените, идеите им доаѓаат одеднаш и тие треба да се реализираат, совршени организатори, водачи , се сметаат за прекрасен пријател. Но тие очекуваат многу повеќе за возврат, затоа пријателите одат што по далеку од нив.Водолиите што скокаат од едно скалило на друго не можат да се држат на едно место, општеството им е поважно од партнерството и бракот. И во потрага по ова, Водолиите треба да се потпираат само на себе и да најдат партнер за живот, и да направат свој дом, пред да им се отворат очите и да сфатат дека потрошиле време на залудни пријателства.

Рибите се под власт на Јупитер и Нептун. Сонувачи се, многу емоции во вашиот живот, па не можете да успеете затоа што на истите овие емоции, чувствителноста управува со тело, па нивната среќа доаѓа во втората половина од животот. Колку порано ќе се разбудите толку подобро за вас, животот е реалност, а не сон  во тајност и сенка. Но рибите се брзи, мудри и отворени на секој да му понудат помош.