При уривање куќа во западна Франција најдени се 600 белгиски златни монети.
Богатството е проценето на неколку стотини илјади евра.
Во садот имало 600 златници од 1870 година, со ликот на белгискиот крал Леополд Втори. Локалната полиција го земала богатството и го ставила во сеф.
Сопственикот на куќата изјавил дека не е изненаден, затоа што неговиот дедо бил колекционер.
Половина богатство ќе биде вратено на сопственикот на имотот, а другата половина ќе им припадне на тие што го нашле. Така налага законот во Франција.