Уште една заводничка, 9 години е постара од него: Џан Јаман ја остави Дилета Леота за оваа позната убавица (ФОТО)

Неодамна беше откриено дека турскиот актер Џан Јаман и италијанската водителка Дилета Леота се разделија, а сега се појавија гласини дека во ова е вмешана друга жена.

Актерот Џан Јаман, кој го привлече вниманието на нашата публика со улогата во серијата „Сонувач“, продолжува да привлекува внимание со својот љубовен живот.

Веднаш откако страстите стивнаа по раскинувањето со италијанската водителка Дилета Леота, се шпекулираше дека во неговиот живот влегла нова убавица - израелско-американската актерка и модел Моран Атијас.

Наводно, Џан Јаман уживал во друштво на бринетата за време на меѓународниот филмски фестивал во Венеција во септември, а пред камерата си разменувале погледи и насмевки, што го привлекло вниманието на фановите на актерот, па набрзо нивните фотографии ги преплавија социјалните мрежи.

Токму тие денови се појавија и гласините дека Џан и Дилета повеќе не се заедно, што огнената Италијанка набрзо потоа и го потврди.


- Љубовта и животот се непредвидливи. Се надевам на нов почеток - изјави Леота во една телевизиска емисија. Сепак, се уште нема потврда дека Јаман започнал нова љубовна врска.

View this post on Instagram

A post shared by Moran Atias (@moranatias)


Моран Атијас е девет години постара од Џан и во април годинава го прослави својот 40-ти роденден.

Славата ја стекна благодарение на улогите во италијанските филмови, а подоцна работеше и на американски телевизиски проекти. Таа е уште пзабележана во светот како модел, а во тој бизнис зачекори откако беше „откриена“ од Роберто Кавали.

View this post on Instagram

A post shared by Moran Atias (@moranatias)


На почетокот на 2000-тите нејзиниот емотивен живот беше во центарот на вниманието на европската јавност, бидејќи го освои срцето на романскиот фудбалер Адријан Муту.

извор:GLOSSY
Жешки сцени од јахтата: Италијанката Дилета во страствен занес со турскиот актер (ФОТО)