Уште од мала посакувала да биде како неа: Црнокрак ја наследила убавината од мајка си
Две мајки и две ќерки - напиша Светлана Црнокрак покрај фотографијата на Инстаграм на која позира со нејзината мајка и помала ќерка.
Црнокрак која е поранешна манекенка и водителка има вонсериска убавина, а очигледно е дека истата ја наследила од мајката Галина.
Галина Керази е со руско - украинско потекло, има 70 години и по професија е медицинско лице. Светлана Црнокрак уште од мала посакувала да биде како својата мајка.
- Татко ми и мајка ми се запознале во Русија. Потоа дошле да живеат во Македонија. Уште од мала беше мојот идол. Секогаш сакав да бидам како неа. Кога требаше да излегуваме, уживав во глетката кога се сминкаше, кога се дотеруваше. Едноставно зрачеше одубавина. Често пати кога не беше дома, скришно и ги облекував нејзинитефустани, потпетиците, се шминкав како неа, ја имитирав.Уште од детството ме научи да биде мојата најверна другарка, се’ до денес. Секогаш ми ги дава најискрените совети, за било што. Таа е мојата најголема поддршка, позитивна и силна жена. Благодарение на неа, истото им го пренесувам и на моите ќерки. Физички наликувам и на двајцата родители. Но, карактерните особини, да бидам позитивна и храбра жена - ги наследив од мајка ми. – вели Црнокрак.
ФОТО: Инстаграм