Уште сум во шок: Благој Нацоски за трагедијата во Џенова

Добивај вести на Viber

Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски, за Канал 5 раскажа  дека речиси за влакно избегал тежок инцидент, за мостот кој денеска се урна во Џенова. 

- Јас уште сум во шок, бидејќи по неколку часа по случката требаше да поминам токму по тој мост по кој досега имам поминато илјадници пати и не можам просто да верувам на тоа што го видов и што гледам.  Тоа е мост што ја поврзува Џенова, пред сè со Милано, со Торино со Франција. Во овој период од годината поминуваат многу туристи, италијански, како и странски и е навистина со огромен сообраќај - вели тој.

Најмалку 20 луѓе загинаа во инцидентот кој тамошните власти веќе го прогласија за „огромна трагедија“.