Успешна е онаа жена која имала можност да ги открие своите потенцијали: Интервју со Хелена Милески

Добивај вести на Viber

Кога светот го погоди пандемијата и тука кај нас животот го смени правецот, некои личности периодот го искористија за интензивна работа на сопствената кариера, а и за проширување на семејството.

Хелена Милески е раководителка на секторот за приватно здравствено и животно осигурување и таа е една од тие жени.

Хелена од својата 19 - та година е во светот на осгурителниот бизнис. Кариерата и била важен врв на кој и кога започнуваше, а и сега работи. А последните 7 месеци два врва се нејзин приoритет, бебето кое е на пат да го израдува нејзиното семејство и трансформацијата на осигурителниот бизнис во услови кога пандемијата доминира во светот.

* Што „новото секојдневие“ промени во Вашата работа?

- Факт е дека сите комапнии бевме изложени на многу непознаници на почетокот на минатата година. Благодарение на извонредното менаџирање од страна на СН Осигурителен брокер, кое беше и благовремено и стручно успеавме пред се да пружиме неопходна заштита на нашите вработени, а благодарение на тоа да се прилагодиме на новите услови на работа и да осмислуваме нови продукти кои во новите услови се укажаа како потреба за населението. „Новото секојдневие“ беше убав предизвик да станеме уште покомпактни како тим, заради предизвиците кои навистина ги пребродивме и покажавме одлични резултати како биланс на крај на минатата 2020 година. Бевме тука целосно присутни за нашите клиенти, кои во ова време на пандемија имаа и поинакви и покомплицирани потреби.

* Какви продукти излегоа како резултат на пандемијата?

- Можеме да се пофалиме дека го подобривме пактот за доброволно приватно здравствено осигурување SN EuroHealth со тоа што внесовме доста новини. Според мене здравјето е непроценливо и скапоцено. Кога тоа е нарушено, времето е еден од најважните фактори за успешна борба. Осигурувањето на малигни заболувања со приватното здравствено осигурување за само 750 денари месечно ви гарантира навремена дијагностика и резултати. Дополнително, добивате квалитетна здравствена услуга согласно стандардите, посветеност на медицинскиот персонал, современи медицински инструменти и апарати за терапија и дијагностика и секако поддршка во текот на целиот процес на лекување во сите приватни здравствени установи. Овој производ ви нуди материјална поддршка во најкритичните моменти во животот и шанса за фер борба. Бонус на пакетот е гратис PCR тест за КОВИД-19. Сакам и да ја искористам оваа прилика за сите жени кои ќе го склучат основниот пакет на 8ми Март, од 515 денари со месечно плаќање ќе добијат 15% попуст.

* Доаѓа празникот 8 март, кажете ни нешто повеќе за жените во бизнисот?

- Жените во бизнисот или женското претприемништво треба да се гледа како на начин на живот, а не како бизнис модел. Сакам да зборуваме за квалитети и вредности, а не само низ призма на бројки на застапеност. 

Обично жените треба да работат на неколку улоги во општеството. Тие треба да бидат и деловни жени и семејни личности. За мене постојат успешни и неуспешни жени. Успешна е таа која имала можност да ги открие своите потенцијали, своите аспирации и соништа и која успева секојдневно да ги реализира. Исто така сметам дека и оние кои не успеале, тоа не значи дека нема да успеат. Потребна е добра одлука и храброст, некаде и многу храброст.

Кога ќе дојде 8 март, главно се става акцент на жените како понежен пол, а не на положбата на жените. Затоа за мене најважни се еднаквите можности. Тоа е императив кој треба да го имате вградено во себеси од детсвото преку домашното воспитување, а кога реализирате своја кариера, тој пристап на еднаквост треба да го негуваат и комапниите.

Затоа често кажувам дека мора да водиме грижа за младите девојчиња, за девојките и жените... да не им наметнуваме патишта, улоги и дефиниции на успех кои се формирани на основа на стереотипите за улогите на жените, каде им е местото, а каде не... и каде е подобро да се реализираат, дома во семејството или надвор градејќи кариера. Ние мора како општество да продолжиме да работиме на тоа од мали нозе, девојчињата да откриваат, развиваат и да се реализираат себеси слободно и по своја мерка.

* Вие сте во една убава состојба сега, со Вашиот сопруг очекувате принова. Какво ќе биде бебето - девојче или момче?

- Девојче и многу сме среќни.  Ова е сосем нова авантура за нас. И двајцата имаме професии кои ги сакаме и на кои сме многу посветени, така што едвај чекаме да дојде и тој ден кога детето ќе ни направи радост за целиот живот и да бидеме компелтни. Овие месеци додека сум трудна соочувајќи се со очекувања, а и стравови мора да кажам дека одлично се носам со обврските. Имам комплицирана бременост, но со добра медицинска нега и со посветеност кариерата да не биде ставена во страна, да направам многу и за себеси и за компанијата за која работам. Затоа ја користам оваа прилика да се заблагодарам на лекарскиот тим и на моите претпоставени во СН Оосигурителен брокер Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски што навистина заедно со мене го минуваат овој специфичен период. Заради дијагнозата која ја влечам низ бременоста , можев слободно да побарам боледување во текот на сите месеци, но јас знам дека ако имаш до себеси тим од доверба и тим кој те поддржува, ако дома имаш спокоен семеен живот и поддршка од најблиските и ако ја избереш најдобрата нега, тогаш ризиците се сведени на минумум.

Мора да кажам дека приватното здравствено осигурување кое го имам ми овозможува врвна медицинска поддршка, ме ослободува од тоа дали ќе можам да си дозволам приватна болница за породување, а полисата за животно осигурување ме прави мирна и спокојна за времето кое доаѓа. Тие две нешта препорачувам да ги има секој. Достапни се и сумите се навистина симболични.

* За крај, постои ли некоја жена која за Вас е достојна за паметење и во која наоаѓате пример?

- Секоја жена е инспирација за себеси. Таа се труди да ги реализира и своите соништа и да го направи животот поквалитетен. Доколку тоа го реализира, доколку биде задоволна, тогаш таа е успешна жена. Нејзината насмевка на лицето ни зборува сé.

* ПР - објава